Заев: Регионот ќе биде енергетски многу постабилен ако делуваме заедно

April 28, 2023
1 min read

Регионот ќе биде многу постабилен и побезбеден, ако делуваме и работиме заедно, порача поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев за време на панел дискусијата посветена на енергетиката на Делфи економскиот форум во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Заев се осврна на важноста на соработката на земјите од регионот, како пример ги спомена и Грција и Бугарија, посочи дека исто како и со вакцините за време на пандемијата, така и сега за енергетската криза, постоеше помош од соседите, но и истакна дека потребно е да работиме заедно, да се продолжи соработката во пресрет на следната зима.

-Ја преживеавме енергетската криза со помош на нашите пријатели – Грција, Бугарија и Србија. Грција сподели со нас свои ресурси, како што земјите претходно споделија и вакцини, истакна Заев.

Поранешниот премиер и основач и директор на Фондацијата Заев, за време на неговото учество на форумот ги спомена и грчките инвестиции во Македонија.

На панел дискусијата учествуваше и министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, кој истакна дека енергетската безбедност не е национално, туку регионално прашање. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жители на Ѓорче Петров бараат да се врати старото име „Сремски фронт“ на улицата „Исмаил Кривца“

Следно

Вечерва во 360°: Судска наредба за прислушување – затворените плика одат во историја, ги заменува дигитален систем

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop