Германски медиуми: Американските тајни служби се уште ја шпионираат германската Влада

April 27, 2023
1 min read

Американските тајни служби се уште ја шпионираат германската влада иако американската администрација најави крај на шпионските активности по скандалот со прислушувањето во 2013 година, објавија денеска германските медиуми.

„Американските тајни служби ги шпионираа германските владини тела дури и по скандалот со шпионирањето германски политичари во 2013 година“, известуваат јавниот сервис АРД и неделниот весник Цајт, повикувајќи се на документи кои неодамна станаа јавни, од т.н. афера „Пентагон-Ликс“.

Германските медиуми дојдоа до документи од кои евидентно е дека американските тајни служби го шпионирале германското Министерство за одбрана. Поточно, станува збор за односите меѓу Германија и Кина на полето на воената соработка и извештајот од средбата во февруари годинава.

Според германските медиуми, не е спорна содржината на материјалот во кој германското Министерство за одбрана оценува дека соработката со Кина не треба да се оспорува туку тоа што документот покажува дека американските власти дошле до тие податоци откако и ветија на германската влада во 2013 година дека ќе престане да го шпионира германскиот врв.

Тогаш беше откриено дека американските тајни служби редовно, делумно од преслушната станица сместена во зградата на американската амбасада во центарот на Берлин, ги прислушувале мобилните телефони на германски политичари, меѓу другите и на тогашната канцеларка Ангела Меркел.

Документот кој сега се појави во јавноста среде аферата „Пентагон-Ликс“ е добиен, според медиумите, со упад во ИТ системот.

Претставниците на германската Влада во првата реакција на медиумските наводи изјавија дека случајот прво мора да се расчисти со нивните американски колеги.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во реката Вардар пронајдено телото на исчезнатиот 25-годишник

Следно

Возач на автобус на ЈСП нападнат кај Бутел

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop