ФИЛХАРМОНИЈАТА СО КОНЦЕРТ ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ЏЕЗ ОРКЕСТАРОТ, МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ВЕЛИ ДЕКА РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ

April 27, 2023
1 min read

Со музичка изведба во живо на извадоци од „Шиндлерова листа“ на Џон Вилијамс, Филхармонијата денеска протестираше пред Министерството за култура, поради одлуката новоформираната национална институција Џез оркестар на Македонија привремено да биде сместена во објектот на Филхармонија. Музичарите дојдоа со озвучување, пултови, столици и партитури, и под диригенство на Дијана Имери ги изведоа музичките парчиња.

„Министерството за култура оваа одлука ја донесе без никаква консултација со нашата институција, заткулисно, тајно и без никаква поширока дебата, што за нас, е крајно поразително и деградирадирачки. Изминативе недели, нашиот глас, за жал не допре ниту до Министерството за култура, ниту, пак оттаму покажаа елементарно разбирање за суштинските проблеми кои ќе настанат доколку оваа одлука остане непроменета. Иако дел од стручната и пошироката јавност укажаа на последиците од носењето на оваа одлука, Министерството за култура до сега, не појави интерес за решавање на проблемот. Бидејќи неправедно сме ставени во ситуација да се браниме од оние кои треба да ја заштитат нашата културна институција – најстара во земјава, одлучивме нашето незадоволство да го изразиме преку мирни протести кои ќе се одржуваат до конечната промена на оваа одлука“, рече Владимир Лазаревски, претседател на Синдикатот на Филхармонијата.

На нашето прашање како се организирани и дали смеат да ја вадат опремата од матичната куќа, тој ни рече дека се синдикално организирани и покриени.

„Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати. Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби. Веруваме дека на филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на нивната НУ, никој немал никаква заднинска намера. Нема логика Министерството за култура, под чија надлежност се сите национални установи, значи и Филхармонијата и новоформираниот Џез-оркестар, да работи на штета на која било од нив“, соопшти Министерството после протестот на Филхармонијата.

Од Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) на 10 април рекоа дека погрешно е претставен целиот концепт за нивното евентуално работење во зградата на Филхармонија, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции.

Кавгата меѓу Филхармонија и Министерството за култура трае речиси еден месец, откако 108 вработени од музичката институција на 31 март потпишаа петиција против одлуката на Владата дека не сакаат да го делат објектот со колегите од Џез оркестарот. Истакнувајќи дека ја поздравуваат одлуката за формирање на Оркестар за џез музика, од Филхармонијата додаваат дека неговото сместување во иста зграда ќе се одрази на успешноста и на едните и на другите.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во Судан и понатаму се пука, САД и африканските земји сакаат да го продолжат примирјето

Следно

Електричар што пие и пијан електричар не е исто

Latest from Blog

Тухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас

Селекторот на фудбалската репрезентацина на Англија, Томас Тухел за квалификациските мечеви против Албанија и Србија на својот список стави имиња кои ја изненадија јавноста на Островот. Адам Вортон првотимецот на Кристал Палас

Божиновска во Атина: Македонија ја зацврстува позицијата во енергетската дипломатија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на P-TEC енергетскиот форум во Атина, каде што го претстави ставот на Македонија како активен и доверлив партнер во регионалната енергетска соработка

Наоѓалиштето „Злетово“ со перспектива за работа најмалку уште 20 години

Рудникот за олово и цинк „Злетово“ располага со геолошки резерви за уште најмалку две децении работа. Ова го покажуваат досегашните геолошки истражувања, како и оние шо престојат, објаснува раководителот на Геолошката служба

Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека очекува годишната ставка на инфлација оваа година да заврши меѓу три и пол и четири проценти, што, според него, е едно од
Go toTop