(ВИДЕО) Еден загинат и 23 повредени, меѓу кои и дете, во ракетен напад на украинскиот регион Миколаев  

April 27, 2023
1 min read

Според украинскиот претседател регионот бил гаѓан со високопрецизно оружје, лансирано од Црното Море, а цел биле приватни куќи, историска зграда и висококатница

Едно лице загина, а 23 се повредени, меѓу кои и едно дете, во ракетни напади што руската војска ноќеска ги извршила врз регионот Миколаев, на југот на Украина, соопштија украинските власти.

Еден од објектите погодени во ракетниот напад врз Миколаев/Фото: Принтскрин

Според гувернерот на регионот, Виталиј Ким, руските проектили, помеѓу објектите, погодиле и станбена зграда и приватна куќа во истоимениот град, пренесува „Гардијан“, посочувајќи дека информациите засега не се потврдени од независни извори.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави видеоснимка, на која, како што наведува тој во објавата, може да се види штетата предизвикана од рускиот напад врз Миколаев.

„Окупаторот не престанува да докажува дека главната цел на оваа војна е терор и уништување на Украинците и сè што е украинско. Ноќта Русија го гранатираше Миколаев со четири ракети ‘Калибр’, лансирани од Црното Море. Високопрецизното оружје беше насочено кон приватни куќи, историска зграда и висококатница. Во моментов се знае за еден убиен и 23 ранети меѓу кои и едно дете. Вечен спомен на починатите и брзо оздравување на ранетите“,

напиша Зеленски на Твитер.

Инаку, вчера украинскиот претседател имаше телефонски разговор со својот кинески колега Си Ѓинпинг – кој се смета за прв по руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, минатата година.

Зеленски го оцени разговорот како суштински и изрази уверување дека ќе даде моќен поттик за развојот на билатералните односи меѓу двете земји.  Кина, како што јавија тамошните државни медиуми, ќе испрати специјални претставници во Украина и ќе разговара со сите страни за решавање на кризата во Украина. Ова, како што се наведува, му го рекол кинескиот претседател на својот украински колега во разговорот. Според извештајот на кинеската државна телевизија Си-си-ти-ви (CCTV), Ѓинпинг на Зеленски му рекол дека Кина ќе се фокусира на промовирање мировни разговори и ќе вложи напори за прекин на огнот што е можно поскоро.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија го поздравија разговорот меѓу двајцата лидери, а портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, изјави дека станува збор за многу важен чекор кој Кина требало да го направи одамна.

Кина, како што истакнал Мамер, треба да го искористи своето влијание и да ја убеди Москва да стави крај на агресијата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен

Следно

Халанд урива рекорди во Премиерлигата

Latest from Blog

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни
Go toTop