„Тест на штетност“ би ѝ покажал на Владата дека договорот со „Бехтел и Енка“ треба јавно да се објави, вели правникот Коцевски

April 14, 2023
1 min read

Со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од 2019 година воведен е „тест на штетност“ со кој треба да се утврди дали јавниот интерес да се објави некоја информација натежнува над причините таа да биде скриена од јавноста. Според програмскиот директор во Македонското здружение на млади правници, Гоце Коцевски, ако овој тест се примени во случајот со веќе класифицираниот договор за автопатите со „Бехтел и Енка“, би натежнал јавниот интерес

Гоце Коцевски, програмски директор во Македонското здружение на млади правници, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, во која се дебатираше за одлуката на власта за класифицирање на договорот со „Бехтел и Енка“ со степен „доверливо“, вели дека со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од 2019 година е востоставен „тест на штетност“. Ако во случајов се примени овој тест, рече Коцевски, би натежнал јавниот интерес дека договорот треба да биде јавно објавен.

Гоце Коцевски – програмски директор во Македонското здружение на млади правници

„Ако се работи за информација која е класифицирана, која е личен податок, која е предмет на кривична или каква било друга постапка што по правило не се смета за информација од јавен карактер, имателот е должен да направи ‘тест на штетност’. Треба да стави на кантар што ќе изгуби државата ако ја објави информацијата, меѓутоа и што ќе добие јавниот интерес ако таа информација се добие. Во самиот закон многу јасно е дефинирано што се смета за јавен интерес. Јавен интерес е доколку откривањето информација овозможува да се разбере прашањето за кое се креира јавна политика или се води парламентарна дебата. Поочигледна основа за јавен интерес од ова навистина нема. Дополнително, ќе се открие противправно стекнување или трошење буџетски средства, потенцијален судир на интереси, загрозување на животната средина. Така што, јавниот интерес натежнува“,

рече Коцевски, цитирајќи го законот.

Сегмент од член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

„360 степени“ пред девет дена, преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, го побара договорот од Јавното претпријатие за државни патишта.

Од емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат

„Лично, имаме искуство со барање на таков договор пред неколку години, за државна помош за еден несуден инвеститор во зоните, тоа заврши со судски спор, беше со степен на класификација, но тогашната Влада ми одговори со затемнети страници, дури ја немаше ниту одлуката за класификација, но сметам дека барем тоа е информација од јавен карактер за да му докажеш на барателот дека навистина е класифицирано, а не дека некој одлучил арбитрарно да го крие“,

вели новинарот на „360 степени“, Александар Димитриевски, кој беше дел од дебатата во емисијата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тешка сообраќајка вечерва на „Партизанска“ кај „Сити Мол“

Следно

Реконструирана улицата Рузвелтова 26.4.2023

Latest from Blog

Заседава новиот Централен одбор на СДСМ

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вечерва одржува прва седница на која се очекува да бидат избрани нови членови на Извршниот одбор, потпретседатели и секретари на партијата. Централениот одбор на СДСМ беше избран

Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник на САД за Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник за војната во Украина, објавија агенциите повикувајќи се на неименувани извори. Во моментов нема специјален пратеник

Сирија: Судири меѓу силите на Асадовиот режим и побунетата опозиција „Тахрир ал-Шам“

ИДЛИБ (АА) – Во Сирија избија судири меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и антирежимската вооружена група „Тахрир ал-Шам“ во руралните подрачја на Алепо, јавува Анадолу. Во судирите, кои започнаа

Приватните превозници во Скопје се исклучија од сообраќај

Приватните превозници ги повлекоа автобусите од сообраќај поради неразгледувањето на нивното барање за зголемување на таксата по километар на денешната седница на Советот на Град Скопје. Барањето било поднесено до претседателот на
Go toTop