Танзанија го депортираше озлогласениот јужноафрикански бегалец кој ја лажирал сопствената смрт во пожар во затвор

April 13, 2023
1 min read

ЈОХАНЕСБУРГ (АА) – Власта на Танзанија денес под строги безбедносни мерки го депортира озлогласениот јужноафрикански бегалец кој ја лажирал сопствената смрт во затвор и избегал во Танзанија, пренесува Анадолу.

Табо Бестер, познат како „Фејсбук силувач“, бидејќи своите жртви ги намамувал преку друштвените мрежи, приведен е минатата недела заедно со својата девојка во Танзанија.

Тој служел доживотна казна кога минатиот мај избегал од затворот во Јужноафриканската Република.

Овој 35-годишник во 2012 година е осуден за силување и убиство на својата девојка – манекенка. Исто така, во 2013 е прогласен за виновен за силување и грабеж на уште две жени.

Власта започна потрага по Бестер во март откако новиот наод од обдукцијата покажа дека мажот кој умрел во затворската ќелија всушност не е Бестер, поради што тој и неговата девојка избегале во Танзанија.

На вчерашното парламентарно сослушување кажано е дека затворските чувари му помогнале на Бестер да ја лажира сопствената смрт, така што во неговата затворска ќелија ставиле тело од човек кој бил запален. Првобитно е соопштено дека починал извршувајќи самоубиство.

Властите соопштија дека ова бегство од затворот ја разоткрило слабоста во безбедносниот систем на затворот кој го води приватната британска компанија за обезбедување G4S.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пакет со кадифено мече и жици: Поради добиена лажна бомба, евакуиран Парламентот на Холандија

Следно

Средношколци од две скопски училишта се истепале за девојка

Latest from Blog

Челзи официјално го претстави новиот тренер

Фото: ФК Челзи Х Чекзи и официјално го потврди именувањето на Лиам Росениор за нов главен тренер на првиот тим. Англискиот стручњак потпиша договор со лондонскиот клуб до летото 2032 година. Росениор

Филипини издадоа високо ниво на тревога поради ерупција на вулкан

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс) денеска го подигна нивото на тревога за вулканот Мајон на повисоко, трето ниво на тревога. Имено, институтот предупреди на зголемена вулканска активност и појава на

Нова Година, нов почеток- прaзниците како поттик за успешни љубовни врски

Според психологот Сабрина Романоф од Њујорк, успешните парови ја користат Новата година како можност да ја зајакнат врската преку разговор за заедничките вредности, очекувања и идни планови. Романоф, која е и експерт

Детална прогноза за цела недела: Температурите во опаѓање, еве каде се очекува снег

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено
Go toTop