Украина негира дека Русија контролира 80 отсто од Бахмут

April 12, 2023
1 min read

Украинската армија го отфрли како неточно тврдењето на Русија дека контролира 80 отсто од Бахмут, посочувајќи дека украинските сили контролираат „значително повеќе“ од 20 отсто од градот на истокот на земјата.

Основачот на руската приватна воена компанија Вагнер Евгениј Пригожин претходно изјави дека неговите сили напредуваат за да го заземат Бахмут и дека контролираат 80 отсто од градот.

Русија смета дека заземањето на Бахмут ќе ја отвори можноста за идни офанзиви низ Украина, додека Киев и Западот велат дека уништениот град има само симболично значење.

Командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирски, претходно вчера изјави дека Русите во Бахмут почнале да ја користат тактиката на „изгорена земја“, што ја користеле во Сирија, и додаде дека ситуацијата во градот е тешка, но под контрола.

– Непријателот се префрли на таканаречената тактика на „сириската изгорена земја“. Тие уништуваат згради и позиции со воздушни напади и артилериски оган. Одбраната на Бахмут продолжува. Ситуацијата е тешка, но под контрола, рече Сирски.

Сирски нагласи дека украинските војници ги исцрпиле припадниците на руската паравоена група Вагнер, па Русија била принудена да вклучи специјални сили и воздушни единици во битката за Бахмут.

Инаку, „изгорена земја“ е назив за воена стратегија во која сè што може да биде од корист за непријателот намерно се уништува за време на повлекувањето. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

На 6 мај принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс Трети

Следно

Мурињо доби понуда од 100 милиони евра

Latest from Blog

Коњановски: Новата шампионска приказна ја пишуваме заедно со навивачите

Денеска, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, се одржа фан-зоната пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб, која собра голем број навивачи и симпатизери на тимот. Настанот започна во 18:45

Во Србија пензискиот фонд објави јавна набавка на систем за апликации што ќе користи ВИ

Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) ќе користи вештачка интелигенција за масовна обработка на документи и други задачи, што треба да им обезбеди на корисниците на услугите и вработените во

Кристијан Ериксен се договори со Волфсбург

фото: Florian Plettenberg (X) Данскиот репрезентативец и бивш фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен конечно си најде нов клуб. 33-годишниот данец ќе стане нов фудбалер на Волфсбург. Откако ја прекина соработката со

Поплави на Бали, девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали одзедоа најмалку девет животи оваа недела, блокирајќи ги главните патишта во главниот град и нарушувајќи го животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица. Обилните дождови
Go toTop