Апсолутниот победник на Оскарите, „Се во исто време“ вечерва во Кинотека

April 11, 2023
1 min read

Во Кинотека вечерва на програмата е проекција на оскаровецот СЀ ВО ИСТО ВРЕМЕ (Everything Everywhere All at Once).

11 АПРИЛ (ВТОРНИК), 20:00 ч. 

СЀ ВО ИСТО ВРЕМЕ

(Everything Everywhere All at Once)

Игран филм, САД

2022, 140 мин., колор, ДЦП

Режија: Дан Кван, Дениел Шнејнерт (Dan Kwan, Daniel Scheinert)

Сценарио: Дан Кван, Дениел Шнејнерт (Dan Kwan, Daniel Scheinert)

Улоги: Мишел Јео, Џејми Ли Кертис, Стефани Хсу, Ке Хуј Кван, Џејмс Хонг (Michelle Yeoh, Jamie Lee Curtis, Stephanie Hsu, Ke Huy Quan, James Hong)

 

Повозрасната емигрантка од Кина, Евелин (Јео), е затекната во луда авантура во која само таа може да го спаси светот преку истражување на други универзуми и други животи кои можела да ги живее.

Оваа чудна појава е позната под името мултиверзум. Таму некаде постојат наши верзии кои ги владејат боречките вештини како кунг-фу, знаат да пејат оперски арии или вешто да готват, или, пак, кои имаат виршли наместо прсти на рацете.

Евелин заедно со својот сопруг Вејмонд (Ке Хуј Кван) водат перална како семеен бизнис, но се под опасност од даночна ревизија и сериозни долгови. Во меѓувреме, строгиот татко на Евелин, Гонг Гонг (Џејмс Хонг), ќе допатува од Кина, а нејзината ќерка, Џој (Стефани Хсу), се обидува да ја придобие Евелин, бидејќи таа тешко ја прифаќа нејзината девојка Беки (Тали Медел).

Целата приказна за едно навидум просечно семејство доживува пресврт во моментот кога свеста и телото на Вејмонд ќе бидат преземени од Алфа Вејмонд, односно верзијата од Вејмонд во алфа-универзумот. Соочувањето со Непознатото станува лајтмотив на приказната и набргу Евелин дознава дека таа е, всушност, најлошата од сите нејзини милиони верзии во мултиверзумот, но има неискористен потенцијал што може да биде насочен кон совладување на големото зло кое се одѕива на името Јобу Тупаки…

На 95-то доделување на „Оскарите“ во март годинава СЀ ВО ИСТО ВРЕМЕ беше апсолутен победник. Филмот беше номиниран за најголем број златни статуетки, дури 11, а победи во седум категории – најдобар филм, најдобра режија, најдобра актерка во главна улога, најдобар актер во споредна улога, најдобра актерка во споредна улога, најдобро оригинално сценарио и најдобра монтажа.

Актерката Мишел Јео влезе во историјата како првата актерка со потекло од Азија која ја освоила „Оскар“, а Џејми Ли Кертис ја освои нејзината прва златна статуетка во нејзината долгогодишна кариера во Холивуд како најдобра актерка во споредна улога. Ке Хуј Куан беше прогласен за најдобар актер во споредна улога и стана првиот актер со потекло од Виетнам кој освои Оскар. Даниел Кван и Даниел Шајнерт е само трето режисерко дуо кое има освоено Оскар за најдобра режија во историјата на наградите.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хуманитарна акција за помош на жителите на Карпош

Следно

Правда го објави составот на работната група за уставните измени: Власта ќе крои предлози по свој терк, опозицијата остана во аут

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop