Откриен идентитетот на тројцата Македонци што загинаа во Италија

April 10, 2023
1 min read

Тие биле во еден автомобил, а се судриле со возило што било управувано од 23-годишен Италијанец, кој е четвртата жртва во несреќата

Извор: Италијански сервис на Еуроњуз

Познат е идентитетот на тројцата Македонци што синоќа загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека нашата амбасада во Рим добила усна потврда од надлежните италијански институции и станува збор за лицата: З.С. (33) од Македонска Каменица; А.К. (31) од селото Саса (Македонска Каменица) и В.И. (30) од село Пекљани, Виничко.

Тие биле во еден автомобил, а се судриле со возило што било управувано од 23-годишен Италијанец, кој е четвртата жртва во несреќата.

Сообраќајката се случила доцна синоќа во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт.

„Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата“,

велат од МНР.

Претходно италијанските медиуми информираа дека судирот помеѓу возилата се случил на тесна и опасна кривина на која имало многу тешки сообраќајки и во минатото. На самото место бргу пристигнале екипи на Брза помош и пожарникари кои се обиделе да ги извлечат патниците, но не успеале да ги спасат.

Возилата биле целосно уништени.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа не смее да попушти под притисокот и да стане „следбеник на Америка“

Следно

Десетици еврејски доселеници повторно упаднаа во Ал Акса

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop