Осум лица се водат за исчезнати по уривањето на три згради во Марсеј

April 9, 2023
1 min read

Јавната обвинителка на градот Марсеј доцна попладнето одржа прес-конференција на која рече дека состојбата се уште не е стабилна, додавајќи дека осум лица од урнатата зграда не одговараат на телефонските повици

ФОТО: EPA-EFE/FRANCK PENNANT MAXPPP OUT, MANDATORY CREDIT PHOTOPQR/LA PROVENCE/FRANCK PENNANT

Пет лица се повредени, а осум се водат за исчезнати откако експлозија срамни со земја станбена зграда во јужниот француски град Марсеј. Пожарот настанат по експлозијата и понатаму ги попречува спасувачите во потрагата по лицата заробени во урнатините.

Првата зграда во пристанишниот град во јужна Франција се урна нешто по полноќ, а втората утрото. Подоцна делумно се урна и трета зграда, а речиси 200 луѓе се евакуирани од околните објекти.

Доминик Лоренс, јавен обвинител на градот Марсеј, доцна попладнето одржа прес-конференција на која, по потсетувањето на фактите поврзани со уривањето на зградите, рече дека во моментов не е можно да се знае што довело до експлозијата, додавајќи дека ситуацијата сè уште не е стабилизирана.

Таа рече дека пожарникарите се уште работат на гаснење на пожарот што избувна по експлозијата.

„Пожарникарите со кучиња трагачи се обидуваат да најдат преживеани. Осум лица кои се наоѓале во една од урнатите згради не одговараат на телефонските повици. Бараме и едно лице од друга зграда“,

рече таа.

За гаснење на пожарот биле испратени повеќе од 100 пожарникари. Пожарот гореше во поголемиот дел од денот, но вечерва, како што пренесуваат медиумите, тој е ставен под контрола.

Пожарот ја попречил потрагата по исчезнатите лица, за кои градските обвинители велат дека биле на различна возраст.

Силната топлина и прашина ги спречиле кучињата трагачи да се пробиваат низ урнатините.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој допатува во градот, за медиумите изјави дека не знае дали исчезнатите луѓе се живи или мртви.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Расте отпорот против измените на законите за коридорите 8 и 10-д, утре протест на заштитниците на културното наследство

Следно

УЖАС го вознемири светот денес: Убиено цело семејство, меѓу жртвите има и дете

Latest from Blog

Сведоштва на дел од тимот на Support Kocani кои беа во дискотеката „Пулс“: Имавме среќа што бевме на влезот, некој ми подаде рака и ме спаси од најлошото

Дел од тимот на Support Kocani беше денеска во студото на ТВ21 во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21. Дарио Трифунов, Мартин Розин Сопков, Љубомир Игнатов, Бојан Манасиев беа соговорници на модераторот Јовица

„Златниот објектив“ на Кинотека оваа година му припадна на Петар Богоевски

Крајот на април во Кинотеката секоја година е резервиран за доделувањето на „Златниот објектив“. Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во

Ќе се зголеми надоместокот за користење простор за експлоатација на минерали за околу 30 проценти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигнала 247.491.155 денари. Ова, како што наведуваат,

Невреме во Грција: Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија

Патишта кои водат од Неа Пропонтис до Халкидики, Грција, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ. Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија

Светски ден за безбедност при работа

Денеска е Светскиот ден за безбедност при работа, кој е прогласен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 1996 година. Овој ден се одбележува во 120 земји во светот како Меѓународен ден
Go toTop