Израелците ги продолжуваат протестите против планот за реформи во судството

April 9, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – И покрај најавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се одложени реформите во судството, вчера во Тел Авив продолжија протестите против планот на израелската Влада, пренесува Анадолу.

Илјадници демонстранти од сите возрасти се собраа во улицата „Елиезер Каплан“ во центарот на Тел Авив.

Носејќи израелски знамиња, демонстрантите извикуваа слогани, како што се „Не за диктатурата“ и „Демократија“.

Протестите следуваа по вчерашниот вооружен напад во Тел Авив во кој загина едно лице, а најмалку шест се повредени.

Последните неколку недели во Израел се одржаа серија масовни протести предизвикани од владините планови за реформи во судството, што опозицијата ги смета како обид за намалување на овластувањата на судството во корист на извршната власт.

Нетанјаху меѓутоа инсистираше на реформите потенцирајќи дека неговите судски планови ќе ја унапредат демократијата и ќе ја вратат рамнотежата меѓу законодавната, извршната и судската власт.

Сепак, Нетанјаху, на кого му се суди за корупција, попушти пред притисоците и најави привремено суспендирање на плановите за реформи во судството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на горивата паднаа, билетите во меѓуградскиот автобуски превоз поскапеа

Следно

Какво време нé очекува за трите продолжени викенди кои следат?

Latest from Blog

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа
Go toTop