Вооружени напаѓачи киднапирале најмалку 80 луѓе во северозападна Нигерија

April 8, 2023
1 min read

Вооружени напаѓачи во Нигерија киднапирале најмалку 80 луѓе, главно жени и деца, во сојузната држава Замфара, каде што е зголемена активноста на банди кои вршат киднапирања за пари во оддалечените села, изјавија денеска очевидци.

Вооружени банди во последниве години нападнаа стотици локални заедници низ северозападна Нигерија, додека исламистичките милитанти продолжуваат да вршат напади во североисточниот дел на земјата.

Последното киднапирање се случило во петокот, во селото Ванзамаи во областа на локалната самоуправа Цафе во Замфара, додека жените и децата од селото работеле земјоделски работи и собирале огревно дрво, изјавија тројца жители. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Спортуваме за Аеродром“ – илјадници скопјани на одбележување на роденденот на Општина Аеродром

Следно

Мечка усмрти маж во северна Италија

Latest from Blog

Проданоски: Центарот на Прилеп добива уреден простор околу „Чарши џамија“

Општина Прилеп започна активности за уредување на просторот околу заштитеното културно добро „Чарши џамија“, кое се наоѓа во срцето на прилепската чаршија. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека со години

Димитровски: Битола инвестира во спорт, образование и инфраструктура

Во пресрет на пролетната градежна сезона, во Општина Битола започнаа повеќе инфраструктурни зафати со кои значително ќе се подобрат условите за живот на граѓаните во градот и населените места. За активностите информираше

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани – неделата 09–13.03 со 91,59 милиони денари промет

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 09.03.2026 – 13.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 402 трансакции со вкупен промет од 91.587.142 денари

Дубаи од туристички рај се претвори во град на духови

По серијата ирански ракетни и беспилотни летала напади, илјадници странски работници, туристи и инфлуенсери го напуштија Дубаи, додека плажите, хотелите и рестораните се речиси празни, објави Дневно. Дубаи со децении е симбол
Go toTop