Иран поставува камери на јавни места за да ги идентификува и казнува жените без хиџаб

April 8, 2023
1 min read

Сè повеќе Иранки го отстрануваат својот хиџаб по смртта на 22-годишна Курдка во притвор на моралната полиција минатиот септември. Махса Амини беше приведена поради наводно кршење на правилата за носење хиџаб

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во нов обид за сузбивање на зголемениот број жени кои не го почитуваат задолжителниот кодекс на облекување, иранските власти поставуваат камери на јавни места и патишта за да ги идентификуваат и казнуваат жените кои не носат хиџаб, соопшти полицијата.

Откако ќе бидат идентификувани, тие ќе добијат „СМС пораки со предупредување за последиците“, соопшти полицијата. Целта на оваа мерка е да се „спречи отпорот против законот за хиџаб“, се вели во соопштението за печатот, како што објави новинската агенција Мизан и другите државни медиуми, додавајќи дека таквиот отпор ја оцрнува духовноста на земјата и шири несигурност.

Сè повеќе Иранки го отстрануваат својот хиџаб по смртта на 22-годишна Курдка во притвор на моралната полиција минатиот септември. Махса Амини беше приведена поради наводно кршење на правилата за носење хиџаб.

Безбедносните сили насилно го задушија бунтот, но сè уште е можно да се видат жени без хиџаб во трговските центри, рестораните, продавниците и на улиците низ Иран, ризикувајќи да бидат уапсени. На социјалните мрежи кружат видеа од жени кои даваат отпор на иранската морална полиција.

Во соопштението, полицијата ги повика сопствениците на бизниси строго да го следат почитувањето на општествените норми преку нивните упорни инспекции. Според исламскиот шеријатски закон, наметнат по револуцијата во 1979 година, жените во Иран мора да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ги покријат своите фигури. Во спротивно, им се заканува јавна опомена, парична казна или апсење.

Опишувајќи го хиџабот како „еден од цивилизациските основи на иранската нација“ и „еден од практичните принципи на Исламската република“, во соопштението на Министерството за внатрешни работи од 30 март се посочува дека нема да има отстапки по ова прашање.

Министерството ги повика граѓаните да се соочат со жените кои не носат хиџаб. Минатата недела беше објавено видео од маж како фрла јогурт на две жени без хиџаб во самопослуга.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако претседателските и парламентарните избори в година се редовни, не може да се одржат заедно

Следно

Медведев: Украина ќе исчезне бидејќи никому не му е потребна

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop