Нов кружен тек и нови два моста за полесен и побезбеден сообраќај во овој дел од Скопје

April 8, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изврши увид во реализацијата на проектот за изградба на клучка на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со булевар „Осми Септември“. 

Како што информираат градските власти, ова е еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти кои се во тек во Град Скопје и се одвиваат согласно предвидената динамика.  

– Со реализацијата на овој проект главниот град добива целосно ново сообраќајно решение и ќе придонесе кон олеснето и безбедно движење на овој дел на градот, се вели во соопштението. 

Со овој проект, покрај изградба на клучката се предвидува и изградба на нов кружен тек на крстосницата на булевар „Осми Септември“ со улицата „Скупи“, со што се елиминираат проблемите кои во сообраќајот ги правеше дотраеното сообраќајно решение со семафор, а значително се подобрува и безбедноста.

Се предвидува изградба на два нови моста на река Серава, едниот на булевар „Осми Септември“ и вториот на булевар „Никола Карев“, реконструкција и проширување на дел од улицата „Скупи“, булевар „Осми Септември“ и булевар „Никола Карев“. Се предвидува изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, со соодветно хортикултурно уредување и ново улично осветлување и изградба на целосно нова атмосферска канализација. 

– Ги замолуваме граѓаните за внимателно движење по трасата и за трпение со оглед на моменталниот времен сообраќаен режим на движење на возила. Реализацијата на овој проект е исполнување на уште едно ветување од програмата „За Модерно Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рускиот бизнисмен Баут го повика Трамп во Москва и му понуди заштита

Следно

Пад на вредноста на доларот четврта недела по ред

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop