Кина и Франција ги поддржуваат напорите за враќање на мирот во Украина, објавија владите на двете земји

April 7, 2023
1 min read

Во заедничкото соопштение се вели дека Кина и Франција „ги поддржуваат сите напори за враќање на мирот во Украина врз основа на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“. Во заедничката изјава не се споменува Русија, ниту, пак, се осудува нејзината инвазија на Украина

Во меѓувреме, Кремљ вели дека ги следел „важните разговори“ меѓу кинескиот претседател Си Ѓинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но се сомнева оти Кина би можела да го промени својот став за украинскиот конфликт

Додека францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, го привршуваа тридневниот самит, владите на двете земји објавија заедничка изјава во која е наведено дека ги поддржуваат мировните напори и се спротивставуваат на нападите врз нуклеарните постројки во Украина.

Во заедничкото соопштение се вели дека Кина и Франција „ги поддржуваат сите напори за враќање на мирот во Украина врз основа на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“.

Фото: EPA-EFE/Ng Han Guan

Исто така, се вели дека ги поддржуваат напорите Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја гарантира безбедноста на нуклеарните инсталации, вклучително и нуклеарната централа Запорожје.

Во заедничката изјава не се споменува Русија, ниту, пак, се осудува нејзината инвазија на Украина.

„Важно е страните во конфликтот да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да обезбедат безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош“,

се додава во соопштението.

Претседателството на Франција претходно објави дека Ѓинпинг е подготвен да му се јави на својот украински колега Володимир Зеленски за првпат од почетокот на инвазијата, но додаде дека кинескиот претседател ќе го стори тоа кога ќе оцени дека моментот за тоа е погоден. Сепак, ова не се споменува во заедничкото соопштение.

Во меѓувреме, Кремљ вели дека ги следел „важните разговори“ меѓу кинескиот претседател Си Ѓинпинг, францускиот претседател Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но се сомнева оти Кина би можела да го промени својот став за украинскиот конфликт.

„Кина не е тип на земја која брзо ги менува своите позиции под надворешно влијание“,

изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, на прашањето дали Русија е загрижена дека Европа може да го убеди Си за Украина.

Во февруари годинава Кина објави документ од 12 точки во кој е наведена нејзината позиција за конфликтот во Украина. Некои дипломати сметаат дека овој документ може да послужи како мировен план и да ги поттикне Москва и Киев на разговор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Русија официјално го обвини за шпионажа американскиот новинар Гершкович

Следно

Србија уште се бори со коронавирусот: 644 нови случаи, 4 починати лица

Latest from Blog

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори. Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник

Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денес во североисточна Аргентина, каде што автобус падна на неколку метри од мост, откако се судрил ао автомобил, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 4:30

Есенска магија во вашиот дом: Со овие трикови, вашиот простор ќе изгледа како да е изваден од списание

Топлите и пријатни ентериери се особено важни кога деновите стануваат пократки и постудени. Есента е совршено време да го освежите вашиот животен простор без да трошите многу. Само неколку нови детали –

Сајкоски: Александар Јовановски е вистинскиот избор за Кичево

Вечерва во Девеана, Кичево заедно градиме посилна иднина, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. Со надеж и енергија се собраа наши пријатели, поддржувачи и симпатизери на мини-митингот на ВМРО‑ДПМНЕ,
Go toTop