Додик: Република Српска ќе стане независна држава, со БиХ не може да бидеме дел од „Отворен Балкан“

April 7, 2023
1 min read

Во објавата тој го прозива и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, за кого вели дека „штом ќе се разбуди наутро, веднаш ги мрази Србите“

Милодар Додик / Photo: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повторно најавува отцепување од Босна и Херцеговина, овојпат поради одбивањето на Федерацијата биде дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

Пораката тој ја испрати преку Твитер.

„Република Српска ќе стане независна држава бидејќи во БиХ не можеме да бидеме дел од регионалните иницијативи кои би можеле да ни користат. ’Отворен Балкан‘ е добра иницијатива, но во Сараево не мислат така“,

вели Додик.

Во објавата тој го прозива и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, за кого вели дека „штом ќе се разбуди наутро, веднаш ги мрази Србите“.

„Но, ние живееме во невозможна земја во која некои амбасади вежбаат врз нас, но и тоа ќе помине еден ден. БиХ е полигон за обука на американскиот амбасадор, но и тоа ќе помине“,

напиша Додик.

Непријателските тонови кон Западот, наспроти наклонетоста кон Русија, Додик постојано ги истакнува во неговите јавни настапи потези. За потсетување, неодамна владата во Република Српска одлучи да ја прекине соработката со амбасадите на САД и Велика Британија, на што американската страна реагираше дека Република Српска тргнала по многу опасен пат.

Додик инаку е на црната листа на овие две држави од 2017 односно 2022 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчец два дена е во тотален мрак поради неконтролирани кражби на струја

Следно

КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ? Шведски медиуми тврдат дека Андреј Пленковиќ е сериозен кандидат за шеф на НАТО

Latest from Blog

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот

Еве кој е прогласен за играч на натпреварот!

ФОТО:x.com/ChampionsLeague ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали вечерва во Будимпешта. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови.

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Во соопштението се вели дека нападот не предизвикал штета на клучната опрема, но направил дупка во ѕидот на машинската просторија. „Попладнево, украински борбен дрон камикази го погодил ѕидот на машинската просторија на
Go toTop