Лавров: Изјавите на западните држави покажуваат дека не сакаат да го решат судирот во Украина

April 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека изјавите на западните држави покажуваат дека тие не сакаат да го решат судирот во Украина, јавува Анадолу.

Министерот Лавров престојува во посета на Анкара, каде денеска се сретна со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

„Западот јасно ги крши резолуциите на Обединетите нации. Западот, исто така, има неконструктивна агенда“, рече Лавров на прес-конференцијата.

Истакна дека Западот не крие дека Кина е следната цел по Русија, како и секоја земја што ќе се осмели да дејствува самостојно.

Тој се осврна и на договорот за жито што беше постигнат со посредство на Анкара.

„Доколку биде потребно, Русија ќе работи на извоз на жито преку Туркије и Катар, надвор од Црноморскиот договор“, рече Лавров.

Во јуни минатата година, Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

Благодарение на турските напори, договорот за жито е продолжен за уште 120 дена во ноември минатата година и уште за 60 дена во март годинава.

Лавров ја коментираше и изградбата на нуклеарната централа „Аккују“ во Туркије.

„Изградбата на нуклеарната централа Аккују ќе ја зајакне енергетската безбедност на Туркије“, изјави шефот на руската дипломатија.

Туркије и Русија соработуваат на проектот за изградба на нуклеарната централа „Аккују“.

„Аккују“, која се гради во јужната турска област Мерсин, ќе биде првата нуклеарна централа во земјата.

Првиот реактор треба да биде оперативен во 2023 година, а целата постројка треба да биде во функција до 2025 година. Проектот започна со меѓувладин договор од 2010 година меѓу Туркије и Русија.

Централата, за која се очекува да има инсталирана моќност од 4.800 мегавати и четири реактори, треба да започне со производство на електрична енергија кон крајот на оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Киев е подготвен да зборува за Крим, ако им успее контраофанзивата

Следно

Основци од Центар денеска беа во посета на „Лајка“

Latest from Blog

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши најави дека локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август. Тој додаде дека е побарана јавна расправа

Битола го одбележува Меѓународниот ден на џезот

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на Филип Динев Трио во среда на 30 април 2025 година со почеток во 22.00

Таравари: Не може друг да кажува кој треба да биде во Владата освен премиерот

Не може друг да кажува кој треба да биде во Владата освен премиерот, изјави денеска министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците во коалицијата Влен во Владата Арбен Таравари. Изјавите

Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа

Чешкиот претседател Петр Павел го осуди денеска тоа што, како што рече, САД вршат многу поголем притисок врз Украина отколку врз Русија и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да

Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри на квадратен метар. Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог  во изминатото деноноќие, до 8 часот се измерени 13 литри
Go toTop