Киев е подготвен да зборува за Крим, ако им успее контраофанзивата

April 7, 2023
1 min read

„Ако успееме во остварување на нашите стратешки цели на военото поле и кога ќе бидеме на административната граница со Крим, тогаш сме подготвени да свртиме дипломатска страна и да разговараме за ова прашање.

Тоа не значи дека го исклучуваме ослободувањето на Крим од страна на нашата армија,“ изјавил Андриј Сибига.

Изјавите околу Крим во најголем дел се смирувачки за Западот кој е скептичен дека Украина има капацитет да го освои полуостровот, анектиран уште во 2014, а дури и да проба стравот е дека тоа ќе го натера Путин да ја ескалира војната, вклучувајќи и посегнување по нуклеарно оружје.

Сибига објаснува дека претседателот и неговите советници сега почнале конкретно да зборуваат за Крим, како што украинската армија се подготвува да ја започне контраофанзивата за враќање на територија.

Процената на британскиот адмирал Тим Вудс, кој е воен аташе во Вашингтон, е дека за Крим ќе биде потребно „политичко решение заради концентрацијата на сила што е таму“.

„Не мислам дека ќе има многу брзо воено решение… бидејќи треба да видиме кои се поволните услови за Украина да преговара и мислам дека Украина ќе се сложи со тоа,“ порачал адмиралот.

До сега Зеленски отфрлаше какви било мировни преговори се додека сите руски сили не ја напуштат Украина, вклучително и Крим. Фајненшл тајмс потсетува на една негова изјава од мај 2022, кога порача дека би размислил за мировен договор ако руските сили се вратат на позициите во источна Украина од пред почетокот на инвазијата.

Киев се надева дека нивната претстојна контраофанзива ќе го отвори патот кон југ, најверојатно преку Запорожје, од каде можат директно да го нападнат мостот кој го спојува Крим со Русија, преку кој полуостровот се снабдува со оружје и војска. Михајло Подолјак, советникот на Зеленски, деновиве изјави дека украинските сили ќе бидат на прагот на Крим во рок од пет до седум месеци.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложбата „5 години Џез Фестивал во Битола“ викендов во КИЦ-Битола

Следно

Лавров: Изјавите на западните држави покажуваат дека не сакаат да го решат судирот во Украина

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop