Дистрибутерите на електрична енергија во двете провинции се обидуваат да ја вратат струјата, но поправките се очекува да траат со денови и многу Канаѓани ќе го поминат Велигден во темнина
Повеќе од милион луѓе во Квебек денеска се без струја, откако ледената бура погоди две од најнаселените провинции во Канада пред празничниот викенд, носејќи замрзнат дожд и силни ветрови кои урнаа дрвја и далноводи.
Повеќе од милион луѓе се без струја во Квебек и околу 120 000 во Онтарио. Повеќе од половина од 39-те милиони жители на Канада живеат во овие две провинции.
Дистрибутерите на електрична енергија во двете провинции се обидуваат да ја вратат струјата, но поправките се очекува да траат со денови и многу Канаѓани ќе го поминат Велигден во темнина.
Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој денеска требаше во Монтреал да го претстави буџетот на својата влада, понуди да обезбеди федерална помош доколку е потребно.
„Ова е многу тежок момент. Прекин на струја за толку многу луѓе, паѓање дрвја, оштетување згради и автомобили“,
рече премиерот Џастин Трудо пред новинарите на улица додека службите за итни случаи отстрануваа паднато дрво зад него.
My message to the people of Quebec and Eastern Ontario: We’re here to help as needed. As crews continue to clear roads and restore power, please stay safe. And to the officials who briefed us earlier: We’ll make sure you have what you need to keep making progress. pic.twitter.com/2JV2FRU4HT
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) April 6, 2023
Монтреал е една од најтешко погодените области во Квебек. Околу половина од прекините на струја во таа провинција се во Монтреал.
„Да се видат сите овие прекрасни дрвја надолу, да се видат животи нарушени, да се видат слични предизвици. Ќе биде тежок, тежок Велигден за многу семејства“,
рече Трудо.
Околу 1 100 работници се обидуваат да ја вратат струјата во Квебек, рече провинцискиот дистрибутер.
Од „Хидро-Квебек“, како што рече директорот на компанијата, се надеваат дека ќе го вратат снабдувањето на околу 70 отсто од клиентите до петок на полноќ.
„За жал, тоа е почеток на долгиот викенд и одредени области се посложени, така што нема да можеме повторно да се поврземе веднаш“,
рече Реџис Телиер, потпретседател за операции и одржување на „Хидро-Квебек“.
Извор: 360stepeni.mk