Италија: Силвио Берлускони има леукемија, започнал со хемотерапија

April 6, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има леукемија и започнал да прима хемотерапија, пренесува Анадолу.

Според веродостојни извори на италијанската агенција АНСА, се тврди дека на 86-годишниот Берлускони, кој вчера беше хоспитализиран во миланската болница „Сан Рафаеле“ и задржан на интензивна нега, му е дијагностицирана леукемија.

Иако од болницата не е дадено никакво соопштение за состојбата на Берлускони, италијанските медиуми објавија дека тој има хематолошки проблеми (болест на крвта), што предизвика загриженост.

Наведено е дека Берлускони, кој дошол во болница поради кардиоваскуларни проблеми и респираторни тегоби, ноќта ја поминал мирно.

Неговиот брат Паоло, помладиот син Луиџи и ќерката Марина го посетиле Берлускони во болница.

Антонио Тајани, координатор на партијата на Берлускони, Форца Италија, кој воедно е и вицепремиер и министер за надворешни работи, рече дека не е лекар и дека не може да коментира за здравствената состојба на поранешниот италијански премиер.

„Проблемите со крвта се нормални за луѓе над 50-60 години. Нема потреба од паника, но секако треба да се разговара со лекарите. Разговарав со професорот Алберто Зангрило и тој рече дека неговата состојба е стабилна“, изјави Тајани.

Берлускони имаше неколку здравствени проблеми во последниве години, меѓу кои и срцев удар во 2016 година за кој неговиот лекар рече дека можело да биде фатален, како и итна операција на цревата во 2019 година.

Во 2020 година, тој се бореше со компликации поврзани со Ковид-19, за што рече дека е најлошото искуство во неговиот живот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Алтун ја честиташе 103-годишнината на Анадолу

Следно

Скопјанец фатен дома со автоматска пушка и неколку пиштоли

Latest from Blog

“Земјотрес“: Сестрата на Роналдо го нападна Бруно Фернандеш!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ И тоа каков “земјотрес“ во селекцијата на Португалија. Критиките кон репрезентацијата на Португалија продолжуваат по разочарувачкиот реми против ДР Конго во првиот натпревар од Светското првенство во 2026 година. Ѕвездите на

Авион падна на автопат во Тексас- луѓе кршат прозорци за да ги спасат патниците (ВИДЕО)

Околу десетина минувачи и служби за итни интервенции им помогнаа на патниците заробени во приватниот авион што се урна на автопат во Тексас. Пријавени технички проблеми пред несреќата Авионот летал од мексиканскиот

Меџити: Спортските успеси на младите се гордост за Чаир и за целата држава

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, пречека во својата канцеларија младите фудбалери на ФК „Албарса“, заедно со нивниот тренер Меритон Бериша, кои се закитија со шампионската титула

Меџити ги прими шампионите U13 од ФК „Албарса“

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, пречека во својата канцеларија младите фудбалери на ФК „Албарса“, заедно со нивниот тренер Меритон Бериша, кои се закитија со шампионската титула
Go toTop