Алтун ја честиташе 103-годишнината на Анадолу

April 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, објави порака по повод 103-годишнината на новинската Агенција Анадолу.

Алтун со порака на социјалните мрежи честита уште една годишнина од постоењето на Агенцијата Анадолу.

„Ја честитам 103-годишнината на Агенцијата Анадолу, која беше основана по наредба на Мустафа Кемал Ататурк за да може гласот на нашата нација да се слушне во светот за време на борбата за независност. Пренесувам поздрави до сите медиумски работници кои придонесоа за работата на нашата агенција со нивните напори“, рече Алтун.

Новинската Агенција Анадолу е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред отворањето на Големото национално собрание на Туркије, по инструкции на Мустафа Кемал Ататурк, за да биде гласот на Анадолу до светот за настаните од Војната за независност.

Со повеќе од 4.000 вработени од 139 различни националности, Анадолу дневно објавува во просек повеќе од 1.000 вести, повеќе од 4.000 фотографии, 15 инфографици, 357 видеа и 54 мултимедиумски содржини.

Анадолу, која е меѓу највлијателните и најугледните новински агенции во светот, на своите претплатници им ги носи најновите содржини од најтурбулентните светски подрачја и прави разлика со вестите и визуелните содржини, особено во географските области каде што е тешко да се врши новинарската работа.

Анадолу се следи со голем интерес не само во Туркије, туку и во светот, пред сè за вести, фотографии и видеосодржини што им се сервираат на претплатниците на 13 јазици, вклучувајќи турски, англиски, арапски, руски, француски, шпански, сорански, персиски, индонезиски, босански, албански, македонски и курдски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Злато и бронза во ритмичка гимнастика за Ева и Илина во Германија

Следно

Италија: Силвио Берлускони има леукемија, започнал со хемотерапија

Latest from Blog

Најопасната закана од Америка за Украина досега

 Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот

Лотар Матеус посочи кој треба да застане на голот на Баерн: „Ме потсетува на младиот Нојер“

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус не штедеше пофалби за младиот голман на Баерн Минхен, Јонас Урбиг, во кого гледа потенцијален наследник на Мануел Нојер на голот на баварскиот гигант. Дваесет и тригодишниот

Лотар Матеус посочи кој треба да застане на голот на Баерн: „Ме потсетува на младиот Нојер“

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус не штедеше пофалби за младиот голман на Баерн Минхен, Јонас Урбиг, во кого гледа потенцијален наследник на Мануел Нојер на голот на баварскиот гигант. Дваесет и тригодишниот

Средба на Проданоски со прилепчанецот Оливер Димоски, заменик-градоначалник во Сиднеј

Можностите за соработка и зајакнување на врските со македонските иселеници во Австралија беа тема на средбата меѓу градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, и Оливер Димоски, прилепчанец кој извршува одговорна функција во локалната
Go toTop