Жестоки борби на подрачјето на Бахмут: Украинските војници порачаа дека ќе се борат докрај

April 6, 2023
1 min read

БАХМУТ (АА)

– Давит КАЧКАЧИШВИЛИ

Украинските војници со месеци се на фронтот во Доњецк, каде што продолжуваат жестоките судири со руските сили, јавува Анадолу.

Судирите помеѓу двете војски продолжуваат во Луганск, Харков, Херсон и Запорожје, а најжестоките судири се во правец на Бахмут, Авдеевка, Маринка и Вухледар во Доњецката Област.

Жестоките судири траат со месеци во Бахмут, кој има стратегиско значење.

Стигнувајќи на линијата на фронтот во правец на Бахмут, екипата на Анадолу ја забележа состојбата на теренот.

Непрекинати звуци на експлозии се слушаат во подрачјето каде што се тенковите, гасеничните и други оклопни возила со пешадијата.

Украински војник со кодно име „Блесок“ и офицер на бригадата чии припадници се собраа на фронтот се подготвени за улични судири во Бахмут.

Овој украински војник е на фронтот веќе една година. За состојбата на теренот говореше додека влегуваше во оклопното возило што превезува војници за влез во Бахмут, до кој може да се стигне само на овој начин бидејќи патиштата се под постојани напади.

На почетокот на војната тој бил на линија на фронтот во Харков.

Овој 50-годишник сега се бори на подрачјето на Доњецк.

„Сега се подготвуваме да влеземе во Бахмут“, рече друг украински војник.

Тој истакна дека ситуацијата во градот е тешка.

Друг 29-годишен војник, со кодно име „Музичар“, рече: „Сега одиме во Бахмут. Таму се водат тешки борби.“

Порача дека се подготвени да дадат сè од себе за да ја добијат војната.

„Ќе се бориме колку што е потребно за да победиме. Ќе се бориме докрај. Сè ќе биде в ред, ситуацијата е под наша контрола“, изјави војникот со кодно име „Тигар“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бејл го прекина медиумскиот молк за да го прослави бруталното издание на Реал против Барса (ФОТО)

Следно

Ќе биде ли поставен споменикот на Ќосето во Горно Лисиче?

Latest from Blog

Почина Михаило Вукобратовиќ, режисерот на култната серија „Подобар живот“

Прославениот режисер Михаило Вукобратовиќ почина денес, 7 септември, во болницата КБЦ Земун, на одделот за неврохирургија, објавија српските медиуми. Тој бил примен во болница на 28 јуни кога падна снимајќи серија. Потоа

Ужасен ритуал за зависници од дрога во тивок манастир- пијат нешто одвратно, па „испуштаат душа“ (ВИДЕО)

По парна бања на високи температури, мажите пијат темен напиток со стотици состојки, а потоа повраќаат заедно, симболично исфрлајќи ги токсините од нивните тела. Древната практика, дел од единствена програма за детоксикација,

Мртов Канаѓанец со години лежел во ладилникот на КБЦ Котор од тажна причина: КОНЕЧНО Е ПОГРЕБАН, НО МАЛКУ ПОИНАКУ

Канадскиот државјанин Дејвид Бери Њуел (роден во 1947 година) од Сиднеј, кој починал на 29 август 2023 година во Клиничкиот болнички центар во Котор, бил погребан дури на 2 септември оваа година,

(ВИДЕО) Омерагиќ: „Само напред, момци!“ – по победата над Лихтенштајн

По убедливата победа од 5-0 против Лихтенштајн, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, се сретна со македонските фудбалери за да им честита на успехот. „Само напред, момци! Сигурно и самоуверено,
Go toTop