Полска е подготвена да ги испрати сите свои авиони МиГ-29 во Украина

April 5, 2023
1 min read

Доколку има потреба од тоа, Полска е подготвена покрај овие 14 авиони МиГ-29, во Украина да ги испрати и останатите вакви авиони од нашата флота, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција која денеска во Варшава ја одржа со својот украински колега Володимир Зеленски

Полска ќе испрати 14 борбени авиони МиГ-29 во Украина, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда, но најави дека е подготвен да ги испрати сите 28 авиони МиГ-29 што ги има Полска. Тој ова го изјави на заедничката прес-конференција која денеска во Варшава ја одржа со својот украински колега Володимир Зеленски.

„Четирите МиГ-29 кои останаа во складиште им беа предадени на вооружените сили на Украина во последните месеци. Сега се испорачуваат четири МиГ-а, осносно вкупно осум. Ние сме подготвени да испорачаме уште шест. Претпоставуваме дека наскоро би можеле да биде испратени во Украина“,

изјави Дуда.

Говорејќи во оваа насока, полскиот претседател кажа дека Полска е подготвена да ги испрати преостанатите авиони МиГ-29 во Украина, доколку има потреба од тоа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот претседател Анджеј Дуда во Варшава на 5 април 2023 година
Фото: EPA-EFE/Radek Pietruszka

Дуда нагласи и дека Полска работи на добивање дополнителни безбедносни гаранции за Украина на самитот на НАТО што ќе се одржи во јули во главниот град на Литванија, Вилнус.

За време на средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда, на Зеленски му беше доделено и најстарото и највисокото цивилно одликување во Полска – Орденот на белиот орел.

„Не се сомневаме дека вашиот став, заедно со храброста на нацијата, ја спасија Украина“,

му рече полскиот претседател на Зеленски.

Украинскиот претседател, пак, кажа дека сака Полска да стане клучен партнер во масовните напори за обнова на неговата земја по завршувањето на војната со Русија и ги повика и полските компании да дојдат во Украина пред крајот на војната за да обезбедат подобра позиција на украинскиот пазар.

За време на посетата на Полска, украинскиот претседател беше придружуван од неговата сопруга Олена Зеленска.

Тие денеска во Варшава беа пречекани со воени почети на почетокот на официјалната посета наменета како гест на благодарност до соседната држава за суштинската поддршка во одбраната на Украина од руската инвазија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ОТВОРА СО „ЖАНА ДЕ БАРИ“ НА РЕЖИСЕРКАТА МАЈВЕН СО ЏОНИ ДЕП

Следно

Министерот за здравство: Пандемијата на коронавирус во Германија заврши

Latest from Blog

УМС Пробиштип ја продолжи традицијата со турнир во мал фудбал за 8 Септември

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Пробиштип се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал, за кој Унијата на млади сили – Пробиштип одржува континуитет од 2016

Исповед на несреќен маж„Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат

Бизонот Тајфун успешно вратен во Националниот парк Фрушка гора

Бегството на бизонот Тајфун од Националниот парк Фрушка гора заврши успешно – животното е пронајдено и вратено во својот ограден дел. Од управата на паркот информираа дека пожарникарите и надлежните служби континуирано
Go toTop