По поразот на изборите: Мило Ѓукановиќ поднесе оставка на лидерското место во ДПС

April 5, 2023
1 min read

По поразот во неделата на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС).

РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент.

Ѓукановиќ на чело на ДПС е од 1998 година. За време на неговото претседателствување со таа партија четири пати беше црногорски премиер и два мандата претседател на Црна Гора.

Тој во неделата беше убедливо поразен на претседателските избори од Јаков Милатовиќ, кандидатот на движењето „Европа сега“ кој освои 60 отсто од гласовите на гласачите.

Ѓукановиќ ќе остане на функцијата претседател на Црна Гора до 20 мај, кога ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател.  (МИА)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг му одговори на Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија

Следно

КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ОТВОРА СО „ЖАНА ДЕ БАРИ“ НА РЕЖИСЕРКАТА МАЈВЕН СО ЏОНИ ДЕП

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop