Продолжува градежната офанзива низ улиците во општина Кисела Вода

April 5, 2023
1 min read

Денеска градоначалникот Ѓорѓиевски беше во населбата Драчево, каде, со отпочнатите активности, нов асфалт ќе добие улицата „Бранко Заревски“ на потегот од крстосницата помеѓу „Славка Динкова“ до „Малешевска“.

-Нејзината близина до ООУ „Рајко Жинзифов“, до пазарот и поврзаноста со главната улица „Славка Динкова“, говори за каква важна сообраќајна артерија се работи, но говори и за негрижата во минатото, бидејќи истата не е реновирана од изградбата во минатиот век.

Со санација ќе биде опфатена и улицата „Ниџе Планина“, на делот помеѓу улиците „Славка Динова“ и „Гандиева“. Се работи за градежна интервенција со вкупна површина од околу 2000 м2 кои ќе бидат завршени за 10-тина дена.

Паралелно, во тек е целосната реконструкција на улицата „Малешевска“ и нејзините краци, која Општина Кисела Вода ја започна минатата седмица. На оваа локација се работи на поставување на нов асфалт и тротоари. Се поставува и ново модерно штедливо осветлување.  Досегашните живини, се заменуваат со лед светилки. Ќе се реши проблемот и со атмосферските отпадни води, кои ќе се одведуваат во попивателни бунари, се вели во соопштението на општина Кисела Вода.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Поранешниот италијански премиер Берлускони хоспитализиран на интензивна нега во Милано

Следно

Ердоган: Советот за безбедност на ОН треба да се реформира

Latest from Blog

Муртезани од Тирана: Коридорот 8 – симбол на интеграција и европска поврзаност, кој ја олеснува трговијата и ја зајакнува регионалната соработка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествувал на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана, Албанија, каде во рамки на првиот ден од Конференцијата бил говорник на панелот на тема

Дејвид Духовни елегантен на УС Опен, откри дека тајно се венчал

Синоќа, додека очите на светот беа вперени во дуелот помеѓу шпанскиот ас Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер, публиката на УС Опен беше почестена и со непланиран „бонус спектакл“: појавувањето на легендарниот

Сите се чудат: Во ресторан во познато летувалиште стигнала сметка за вечера од над 63.000 евра (ФОТО)

Сметката ја платила група од 18 гости во новоотворениот ресторан „Анабел“ во Палманова, Мајорка, а ресторанот сподели фотографија од долгата сметка на Инстаграм, која брзо стана вирална. Вечера за паметење Според извештаите,

Социјалната мобилност во Германија значително се намали, нееднаквоста во пораст

Социјалната мобилност, т.е. способноста на поединците да го променат својот социјален и економски статус во однос на своите родители, бележи значителен пад во Германија од 1970-тите години, според нова студија на Институтот
Go toTop