Турскиот министер Чавушоглу остро ја осуди рацијата на израелската полиција во џамијата „Ал Акса“

April 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес остро ја осуди рацијата на израелската полиција во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), јавува Анадолу.

Пред новинарите во Брисел, по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, Чавушоглу изјави дека Израел ја нарушил светоста на комплексот за време на светиот муслимански месец Рамазан и „презеде чекор што ќе го наруши неговиот историски статус“.

Денес израелската полиција соопшти дека привела 350 Палестинци од комплексот на џамијата „Ал Акса“, а очевидци велат дека полицијата употребила прекумерна сила, вклучително и солзавец.

Израел го окупира Источен Ерусалим за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектира целиот град во 1980 година, потег што никогаш не беше прифатен од меѓународната заедница.

„Ги предупредивме да спречат такви провокации, особено во текот на Рамазан“, за време на посетата на израелскиот министер за надворешни работи, Ели Коен, на Туркије по земјотресите на 6 февруари и неговата средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нагласи Чавушоглу.

„Израел треба веднаш да ги прекине ваквите напади“, истакна турскиот министер.

Потсетувајќи дека процесот на дијалог со Израел е рестартиран, Чавушоглу рече: „Но нашиот ангажман со Израел секако не може да се случува на сметка на палестинската кауза“ и додаде: „Во тој поглед, ние никогаш не правиме компромис за нашите принципи или нашите верувања.“

По земјотресите, Израел беше една од првите земји што прати помош за Туркије.

– Министерот за надворешни работи на Египет ќе ја посети Туркије –

Турскиот министер Чавушоглу изјави дека начелно се согласил да се сретне со неговиот египетски колега Салих Шукри во Туркије за време на месецот Рамазан, кој завршува кон крајот на април.

Минатиот месец Чавушоглу и Шукри разговараа телефонски за да ја закажат неговата посета на Туркије.

Двајцата, исто така, си упатија најдобри желби за почетокот на Рамазан, соопштија турски дипломатски извори.

Претходно минатиот месец Чавушоглу и Шукри се состанаа во египетскиот главен град Каиро, каде што разговараа за билатералните односи и регионалните и меѓународните прашања и се согласија да ги максимизираат дипломатските односи.

Дипломатските односи помеѓу Туркије и Египет се на ниво на вршители на должноста и од двете страни по воениот удар во Египет во 2013 година, со кој беше соборен тогашниот претседател Мухамед Морси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Имаме и македонски модел за уставни измени, рече Ковачевски за тоа дали е прифатлив хрватскиот пример

Следно

Поранешниот италијански премиер Берлускони хоспитализиран на интензивна нега во Милано

Latest from Blog

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

ИСТАНБУЛ (АА) – Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави

Почетокот на Европското првенство Б-дивизија започна со убедлив пораз на Јуниорките

Женската јуниорска репрезентација на Македонија со убедлив пораз го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија што од денеска се одржува во Литванија. Нашите млади кошаркарки загубија од Романија со 45-87 во меч

Палестинците во Газа ги ризикуваат животите за малку хуманитарна помош поради израелските напади

СКОПЈЕ (АА) – Израелските сили отворија оган врз цивилите што чекале хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Инцидентот се случи во областа Кан Јунис, каде што голем број

Полициски службеник призна дека сторил проневера во служба

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник
Go toTop