Нинисто: Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого

April 4, 2023
1 min read

Пристапувањето на Финска во НАТО не е насочено против ниту една земја, порача претседателот на Финска, Саули Нинисто, во изјавата по повод приемот на земјата во НАТО.

„Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика на Финска“, потенцираше тој во изјавата објавена на Твитер.

Тој истакна дека Финска е стабилна и предвидлива нордиска земја која има тенденција да ги решава споровите по мирен пат.

„Принципите и вредностите кои се важни за Финска ќе продолжат да ја водат нашата надворешна политика и во иднина“, истакна Нинисто.

Најзначајниот придонес на Финска за заедничкото одвраќање и одбрана на НАТО ќе биде во обезбедувањето и одбраната на нашата сопствена територија, рече претседателот на Финска, набргу откако неговата земја официјално стана 31-та земја што се приклучи на алијансата.

Според него, претстои уште значителна „работа“ за да се координира одбраната на Финска како дел од заедничката одбрана на НАТО.

Нинисто посочи дека ќе продолжи блиската соработка за градење заедничка безбедност во целиот нордиски регион.

Претседателот на Финска додаде дека земјата интензивно ќе работи на обезбедување на членството на Шведска во НАТО.

„Членството на Финска не е целосно без членството на Шведска. Интензивно продолжува работата за што поскоро членство на Шведска“, наведе Нинисто во соопштението.

Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.

Од постојните членки на НАТО, само уште Унгарија и Турција не ја ратификувале апликацијата на Шведска за членство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Екипи на „Паркови и зеленило“ во акција – се кастрат надвиснати гранки на дрвја

Следно

Извонредно погрешниот напад на Тикток

Latest from Blog

На убиецот на Џон Ленон му е одбиено 14. барање да биде пуштен на слобода, помина четири децании во затвор

Чепмен поминал повеќе од 40 години во затвор и отслужува казна од 20 години до доживотен затвор за убиството на поранешниот член на „Битлси“ во декемвриската ноќ додека тој и неговата сопруга

Низ Србија вечерва протести под мотото – „Со ’рбет против насилството“

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека 13 полицајци се повредени и дека вкупно 42 лица се приведени. Студентите во блокада наведуваат дека инцидентите биле инсценирани и дека дејствијата на полицијата

Квалификации за СП 2026: Англија и Португалија со очекувани победи (ВИДЕО)

Фудбалските репрезентации на Англија и Португалија обезбедија очекувани победи на денешните попладневни квалификациски дуели за СП 2026. Англија ја победи Андора со 2-0 во Бирмингем во четвртиот натпревар од квалификациската група К

Изет Меџити го повика Бујар Османи на јавна дебата за локалните избори во Чаир

2 Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско
Go toTop