Столтенберг: Русија не го менува својот нуклеарен став

April 3, 2023
1 min read

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не видела никакви промени во нуклеарниот став на Русија.

– Досега не видовме никакви промени во нивниот нуклеарен став, што бара каква било промена во нашиот нуклеарен став, изјави Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел.

Русија на 25 март постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ, рече Путин и додаде дека Америка стационирала нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници.

Путин истакна дека изградбата на складиште за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе биде завршена на 1 јули и додаде дека Русија помогнала да се модернизираат белоруските воени авиони за да можат да носат нуклеарно оружје.

Рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов синоќа изјави дека руското тактичко нуклеарно оружје ќе биде распоредено во близина на белоруската граница со соседите на НАТО.

Гризлов, говорејќи за белоруската државна телевизија, рече дека руското нуклеарно оружје ќе биде „поставено поблиску до западната граница на нашата сојузничка држава“, но не даде прецизна локација.

– Тоа ќе ги прошири нашите одбранбени способности и ќе биде направено без оглед на вревата во Европа и САД, додаде Гризлов.

Белорусија дели 1.250 километри граница со членките на НАТО – Летонија, Литванија и Полска.

Тактичкото нуклеарно оружје има релативно мал дострел и значително помала моќност во споредба со нуклеарните боеви глави кои се вградени во стратешките ракети со долг дострел. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Доделени пехарите и медалите на најдобрите шахисти на турнирот во Гази Баба

Следно

У19: Македонските фудбалерки подготвени за УЕФА квалификацискиот турнир во Скопје

Latest from Blog

Изет Меџити го повика Бујар Османи на јавна дебата за локалните избори во Чаир

2 Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско

Србија набави 11 хуманоидни роботи за помош на децата со попреченост во училиштата

Хуманоидниот робот Воли е веќе докажан асистент во образовната пракса во поразвиените земји. Тој е управуван од наставниците и може да зборува, но исто така го привлекува вниманието со својата невербална комуникација,

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што
Go toTop