Москва: Русија ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО

April 3, 2023
1 min read

Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинисто, лиферуваше соопштение во кое потврди дека Финска во и официјално ќе стане членка на НАТО алијансата, а во меѓувреме стасаа и првите реакции од Русија.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко најави дека земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО.

„Русија ќе го јакне својот воен потенцијал во западните и северозападните правци како одговор на членството на Финска во НАТО. Некои од мерките се веќе објавени. Ќе го зајакнеме нашиот воен потенцијал во западните и северозападните правци. Во случај на распоредување на силите и средствата на другите членки на НАТО на територијата на Финска, ќе преземеме дополнителни чекори за сигурно да ја обезбедиме воената безбедност на Русија“, рече Грушко.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Децата од градинката „Буба Мара“ беа во посета на Општина Аеродром

Следно

Тачи пред судот во Хаг се изјасни за невин за воени злосторства

Latest from Blog

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај
Go toTop