Герасимовски: Нема повеќе чекање за офталмолошки и стоматолошки прегледи за првачиња

April 3, 2023
1 min read

Општина Центар и Јавната здравствена установа-Здравствен дом Скопје денес потпишаа Меморандум за соработка за реализирање на јавно-здравствени проекти кои се од општествен интерес. Планот на активности во овој Меморандум опфаќа услуги за офталмолошки и стоматолошки прегледи се наменети за децата што ќе се запишат во прво одделение во основните училишта во Општина Центар во учебната 2023/2024 година. Во Законот за основното образование е предвидено при упис во училиште да се доставуваат и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи.

Меморандумот за соработка го потпишаа Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исијановски и организацискиот директор Вулнет Селими.

-Намената на овие прегледи е добивање потврди при запишување во прво одделение на децата од големите групи од центарските градинки: „13 Ноември“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Кочо Рацин“. Со овие прегледи децата се здобиваат со ран скрининг и рана детекција при евентуално оштетување на видот со што значително може да помогне во третманот доколку е потребен. Освен што раните стоматолошки прегледи го спречуваат добивањето на орални болести и дејствуваат превентивно за настанување на кариес, исто така значајни се и за едукација на оралното здравје и формирање здрави навики од рана возраст, изјави Герасимовски.

Општина Центар ги известува родителите дека ќе можат да ги однесат своите идни првачиња во Поликлиниката „Букурешт“ веќе од оваа недела. Прегледите за вкупно 571 дете од најголемите групи од центарските градинки ќе траат од 6 до 13 април 2023 година, секој работен ден во период од 14 до 19 часот, а во сабота од 8 до 14 часот. За подетални информации  сите заинтересирани родители може да се јават во Општина Центар на телефонскиот број  075 219-173 и во Поликлиника „Букурешт“ на 02/3064-088. Овој Меморандум за соработка е во насока да се унапреди здравствената заштита кај децата во Општина Центар.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ: Никогаш нема да ме победат, на моите противници им е заматен мозокот, тоа е патолошка омраза

Следно

Бензема е неприкосновен број 1 на Реал

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop