Парламентарни избори во Финска: Сана Марин во борба за втор мандат

April 2, 2023
1 min read

ХЕЛСИНКИ (АА) – Во Финска денес се одржуваат парламентарни избори на кои повеќе од три милиони Финци со право на глас ќе можат да изберат 200 пратеници во финскиот Парламент, јавува Анадолу.

Над 2.400 кандидати од 22 партии се борат за 200 места во Парламентот.

Околу 40 отсто од гласачите со право на глас гласале однапред.

Се очекува трите партии да бидат во тесна трка, а социјалдемократите на премиерката Сана Марин се борат за втор мандат на чело на Владата.

Надежите на финската премиерка Сана Марин за обезбедување втор мандат се доведени во прашање поради порастот на поддршката за екстремно десничарските партии и опозициската конзервативна Национална коалициска партија, која има тесно водство пред неделните парламентарни избори, наведено е во анкетата на јавното мислење.

Марин дојде на власт во декември 2019 година со Социјалдемократската партија (СДП), но анкетите покажуваат дека е на второ место со помалку од 19 отсто во последната предизборна анкета.

Триесет и седумгодишната премиерка ја водеше својата нација низ пандемијата на КОВИД-19, заслужувајќи пофалби дома и на меѓународно ниво.

Неодамнешните анкети покажаа дека секоја од трите партии би можела да освои околу 20 отсто од гласовите. Ако се случи тоа, ниту една партија не би била во позиција сама да формира Влада.

Се очекува во следните неколку дена да започнат разговорите за формирање владејачка коалиција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Двајца македонци кандидати за градоначалник на општина Пустец, партијата на Македонците пред згаснување

Следно

Борисов, Петков и Радев со свои пораки откако гласаа на вонредните парламентарни избори во Бугарија

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop