Лукашенко го брани распоредувањето руско тактичко нуклеарно оружје, вели иницијативата била негова 

March 31, 2023
2 mins read

Според белорускиот претседател Минск ќе може да врши контрола над целото нуклеарно оружје што ќе биде распредено на територијата на земјата, што е пак во спротивност со она што го рече претседателот на Русија Владимир Путин при објавувањето на планот дека оружјето ќе остане исклучиво под контрола на Москва

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во своето годишно обраќање до нацијата го бранеше рускиот план за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија, правдајќи го со наводи дека земјата е изложена на зголемени закани од Западот.  

Белорускиот претседател Александар Лукашенко со својот руски колега Владимир Путин/Фото: Архива

Доколку е потребно, рече тој, на територијата на Белорусија треба да бидат распоредени и интерконтинентални балистички ракети. 

Инаку, ова е прва пат белорускиот претседател да го коментира ова прашања откако неговиот руски колега Владимир Путин на 25 март го објави планот за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.  

Лукашенко во своето годишно обраќање до нацијата рече дека планот бил инициран од негова страна, барајќи од Москва да распореди ваков тип оружје и на тој начин да осигура дека Белорусија е способна да го брани својот суверенитет и независност. Сепак, Лукашенко, како што пренесува РСЕ, не посочил докази за какви било конкретни закани од Западот.  

 „Би сакал да додадам дека целата инфраструктура (за тактичко нуклеарно оружје) е подготвена…Тоа е оружје кое ќе придонесе за нашиот суверенитет и независност“,  

рече Лукашенко.

Тој истакна и дека Минск ќе може да врши контрола над целото нукеларно оружје што ќе биде распредено на територијата на Белорусија.  

Ова, пак е во спротивност со наводите на рускиот претседател, Путин кој за време на објавувањето на планот рече дека тактичкото нуклеарно оружје што ќе биде распоредено ќе остане под контрола на Москва.  

Според воени експерти распоредувањето на оружјето ќе доведе до создавање на постојана руска воена база во Белорусија.  

Минск, иако не испрати војници да се борат на фронтовите во Украина заедно со руските сили, и дозволи на Москва да ја користи нејзината територија за лансирање на офанзивата за заземање на Киев на почетокот на инвазијата минатата година што заврши неуспешно.  

Исто така, земјата ѝ даде на Русија целосен пристап до нејзините воздушни бази, спроведе заеднички вежби и лекуваше ранети руски војници на нејзина територија. 

Поради ова Минск, како и Москва се најде на удар на санкции. Тие дојдоа како дополнување на санкциите што веќе беа наметнати на Минск поради задушувањето на граѓанското општество и спорните избори во 2020 година на кои Лукашенко прогласи победа.  

Опозицијата во земјата тврдеше дека изборите биле наместени и дека следеле откако од земјата биле протерани потенцијалните противкандидати на Лукашенко. Многу опозициски политичари и активисти оттогаш беа принудени да ја напуштат земјата или беа затворени. 

Говорејќи за руската инвазија на Украина, Лукашенко повика на итни преговори за прекин на огнот „без предуслови“. 

„Клучно е да се запре (војната) сега, пред ситуацијата да ескалира. Потребно е да се прогласи примирје и да се забрани снабдување на воените сили со оружје и опрема“,  

рече белорускиот претседател.

Тој нагласи дека примирјето не може да се користи за внесување повеќе оружје во конфликтот, бидејќи тоа би можело да ја принуди Русија да го искористи „најстрашното оружје“ доколку се почувствува загрозена. 

Поради улогата на Белорусија во конфликтот и нејзините блиски врски со Русија, Украина претходно ги отфрли понудите од Минск да посредува во напорите за постигнување мир.  

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гордана Јанкулоска во Идризово џогира, чита книги и стоички се справува со дискриминациите – вели нејзиниот сопруг и адвокат

Следно

Априлијада во Скопје

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ, заменичка на неврохирургот на Заев, Филипче, ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Неврохирургот на Заев, Венко Филипче и поранешната претседателка на Сорос во Македонија, Викторија Аврамовска Мадиќ не можат да бидат новите лица на СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. И двајцата се

Магливо наутро, преку ден сончево време!

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во Скопје

Премиерот Мицкоски денеска во Костал: Трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Собраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може

Таеквондистот Дејан Георгиевски се враќа со сребрен медал од Г1 Светскиот куп во БиХ

Сребрен медал освои македонски таеквондист Дејан Георгиевски од Босна и Херцеговина Опен Г1. Нови вредни бодови за Георгиевски на патот до обезбедување норма за учество на следните Летни олимписки игри во Лос Анџелес 2026.
Go toTop