Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

March 31, 2023
1 min read

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за собирање податоци на корисниците и дека поради тоа привремено ја ограничила употребата на личните податоци на италијанските корисници.

Агенцијата го обвини и ChatGPT, кој е финансиски поддржан од Мајкрософт, дека не ја проверува возраста на своите корисници, наведувајќи дека треба да биде наменет за луѓе над 13 години.

Италијанската агенција наведе „отсуство на каква било правна основа што го оправдува масовното собирање и складирање на лични податоци со цел „обучување“ на алгоритмите кои се во основата на работата на платформата“.

Од објавувањето минатата година, ChatGPT предизвика „технолошки лудило“, што ги натера ривалските компании да лансираат слични производи, додека други се обидоа да го интегрираат истиот или слични технологии во нивните сопствени апликации и производи.

Апликацијата достигна околу 100 милиони активни корисници во јануари, само два месеци по нејзиното лансирање, што ја прави најбрзо растечката апликација во историјата, според студијата објавена минатиот месец.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 1,2 милиони тони жито извезени од Украина во последните 2 недели

Следно

Децата од Општина Бутел го одбележаа Денот на шегата

Latest from Blog

Коњановски: Општината и пожарникарите постигнаа договор за платите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека е потпишана спогодба со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица за решавање на индивидуален работен спор, со што ќе се изврши исплата на разликата во

Трамп ја враќа смртната казна со стрелање

Оваа одлука претставува пресврт во политиката што ја спроведува администрацијата на Џо Бајден, која постепено ја напушти употребата на смртната казна на федерално ниво, пишува CNN. Нови упатства на Министерството Во соопштението

СДСМ нема идеи, па лаже дека некои пратеници на ВМРО имаат бугарско државјанство

СДСМ во недостиг на идеи шират манипулации за двојни државјанства на пратеници, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. – И во 2021 година и денес СДСМ не престана со злоупотреба, со шпекулации,
Go toTop