Русија ги постави условите за мировни преговори со Украина

March 30, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија порача дека Украина мора да биде неутрална и да одбие да се вклучи во НАТО и Европската Унија за да ги започне мировните преговори за прекин на војната, пренесува Анадолу.

„Потребен ни е неутрален и вонблоковски статус на Украина, нејзино одбивање да се вклучи во НАТО и ЕУ и потврда за украинскиот ненуклеарен статус, како и признавање на новата територијална реалност од Киев и меѓународната заедница“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин, во интервјуто за рускиот телевизиски канал RTVI.

Галузин рече дека Москва верува дека е можен „сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина и Европа“ кога ќе завршат судирите меѓу руските и украинските трупи.

Тој додаде дека Украина одбила да го разгледа дипломатското решение за војната и дека нема „значајни промени“ во ставот на Киев бидејќи сè уште „се потпира на воено решение на конфликтот“.

„Се чини дека многу нешта зависат од тоа колку брзо Киев и Западот ќе сфатат дека рецептот за мирна иднина на Украина лежи во враќањето кон потеклото на нејзината државност забележана во Декларацијата за државен суверенитет од 1990 година, во која се предвидува неутрален статус на Украина со почитување на правата на руското население во таа земја, како и на националните малцинства“, порача Галузин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Путин може да ја посети Туркије во април за „првиот чекор“ кон нуклеарната централа „Аккују“

Следно

Тешка несреќа на два воени хеликоптери во САД, се стравува дека има повеќемина загинати  

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop