Тешка несреќа на два воени хеликоптери во САД, се стравува дека има повеќемина загинати  

March 30, 2023
1 min read

Првичните неофицијални извештаи говорат дека е можно во несреќата да се загинати девет лица. Портпаролот на воената база „Форт Кембел“ во изјава за Би-би-си рекол дека двата хеликоптери од типот „Белкхок“ се урнале за време на рутинска обука

Повеќе лица се претпоставува дека загинале при пад на два хеликоптери на армијата на САД во округот Триг, во американската сојузна држава Кентаки за време на рутинска обука, јавуваат првично светските медиуми.  

Илустративна фотографија од хеликоптер од типот „Блекхок“ на армијата на САД / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, рекол дека станува збор за „тешки вести“ кои стигнуваат со раните извештаи за хеликоптерската несреќа во која најверојанто има повеќемина загинати.  

Според локалните власти, инцидентот се случил околу 21:35 часот по локално време (01:35 часот по Гринич) и дека во несреќата е можно животите да ги загубиле девет лица.  

Локалната војска потврди дека во несреќата учествувале нивните хеликоптери. 

Портпаролот на воената база „Форт Кембел“ во изјава за Би-би-си рекол дека два хеликоптери од типот „Белкхок“ се урнале за време на рутинска обука.   

 „Статусот на членовите на екипажот засега е непознат. Командата во моментов е фокусирана на грижата за војниците и нивните семејства“,  

велат од базата.

 Хеликоптерите кои се урнале биле дел од 101. воздушна дивизија, која, како што пишува Би-би-си, е единствена дивизија за воздушен напад на американската армија.

Од базата навеле дека истрагата за инцидентот е во тек, а повеќе информации најавуваат по нејзиното завршување.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ги постави условите за мировни преговори со Украина

Следно

Клименко: Украина очекува помош од Западот во борбата против корупцијата

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop