Русија започна воени вежби со интерконтиненталната балистичка ракета „Јарс“

March 29, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија започна воени вежби со интерконтиненталната балистичка ракета „Јарс“, соопшти денес руското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.

Во инспекцијата и вежбите, кои се одржуваат во три сибирски региони, меѓу кои и во Омск и Новосибирск, вклучени се над 3.000 војници и 300 единици воена опрема, додава Министерството.

„Посебна комисија на Стратегиските ракетни сили ја испитува координацијата на акциите на војската при извршувањето на зададените задачи“, се истакнува.

Воените вежби се одржуваат во согласност со планот за обука на Министерството за 2023 година и се насочени кон обука за маневрирање.

„Исто така, Стратегиските ракетни сили ќе спроведат сет активности за маскирање и спротивставување на современите средства за воздушно извидување во соработка со формациите и единиците на Централниот воен округ и Воздухопловните сили“, соопшти Министерството.

Посебно внимание ќе ѝ се посвети на употребата на дронови со различни модификации, се вели оттаму.

Руското Министерство, исто така, соопшти и дека по вежбите ќе одлучи за општото ниво на борбена обука на единиците и ќе ги процени и можностите на современото оружје и специјалната опрема.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пролетна акција за косење на тревните површини во Кисела Вода

Следно

Намален бројот на ученици во учебната 2022/2023 година

Latest from Blog

Полицаец си ја убива партнерката за време на потера во Чикаго (Вознемирувачко видео)

Објавена е брутална снимка од камера на телото што го покажува моментот кога полицајката Кристал Ривера паѓа мртва откако е застрелана од нејзиниот партнер, Карлос Бејкер, за време на потера во Чикаго.

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот во општина Липково

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот кој денеска избувна во општина Липково. Пожарот настана по вчерашната акција на Скопска Црна Гора за лов на

Шефот на ФБИ се заканува со тужба на списание, кое објавило дека е често пијан

Пател ги нарече обвинувањата лажни и вети дека ќе се бори против обвиненијата, објави „Хил“. „Се гледаме на суд, ти и целата твоја свита на лажно новинарство… Продолжете со лажните вести, стандардот
Go toTop