Screenshot

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

November 2, 2026
3 mins read

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на Западен Балкан сè повеќе се препознава како значаен за обезбедување стабилни извори на суровини.

„Потребен е рударски сектор кој ќе биде партнер на европската иднина“, порача Горан Сарафимов, претседател на Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија, на последното научно советување.

Според него, современото рударство одамна ги надминува традиционалните методи на ископување и преработка. Тоа сè повеќе се потпира на нови технологии, дигитални системи и напредни решенија за управување со производството и заштита на животната средина.

„Автоматизацијата, дигитализацијата, вештачката интелигенција, далечинското управување со опрема, беспилотните летала за геолошки истражувања и напредните системи за мониторинг на животната средина се дел од современото рударство. Бакарот, литиумот, никелот, манганот, кобалтот и ретките земни метали се клучни за зелената транзиција и развојот на новите технологии. Европската Унија вложува сериозни напори за обезбедување сигурни извори на критични минерални суровини, а Западниот Балкан добива сè поголемо стратешко значење“, истакна Сарафимов.

 

Тој додаде дека нашите соседи веќе интензивно вложуваат во развој на рударскиот сектор. Односно, дека во Србија се реализираат повеќе милијарди на инвестиции во производство на бакар и развој на современи рударски технологии, а во Грција се развиваат стратешки проекти поврзани особено со бакарот, галиумот и други критични минерални суровини кои имаат големо значење за развој на одржливото рударство и за европската индустрија.

 

„Ова ни дава насока дека рударството повторно добива централно место во економскиот развој на регионот. Македонија не смее да остане настрана од овие процеси. Нашата земја располага со значителни минерални суровини, долгогодична рударска традиција и квалитетен стручен кадар. Она што ни е потребно е поголема соработка помеѓу институциите, универзитетите и индустријата, како и јасна стратегија за одржлив развој во секторот на рударството“, вели инженерот. 

 

Сарафимов потсети дека економскиот развој и заштитата на животната средина во никој случај не се спротивставени цели, а модерното рударство означува одговорно управување со природните ресурси, рекултивација на земјиштето, рационално користење на водите и примена на најдобрите достапни техники за заштита на животната средина.

 

Според заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска, државата мора да креира политики кои ќе обезбедат економски напредок на државата, меѓутоа и истовремено да гарантираат заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

 

„Многу важен е мониторингот и инспекцискиот надзор, којшто во споледно време е зајакнат, а она што можат да го ветам е дека ќе биде уште позајакнат и почест во наредниот период. Проценката врз влијанието на животната средина потребно е да ја земе предвид рамнотежата којашто постои помеѓу економскиот аспект, социјалниот аспект и животната средина. На сите ни е јасно дека еден рударски проект е значаен за економскиот развој на државата. Значајни се инвестициите, меѓутоа инвестиции коишто мора да ги исполнуваат обврските што ги имаат за заштитата на животната средина“, истакна Лашкоска.

 

Таа додаде дека рударството носи економски и технолошки развој и дилемата „рударство или животна средина“ не е исклучувачка, односно дека рударството може да кохабитира онаму со природата преку најдобрите достапни техники.

 

На конференција се обрати и директорот на српскиот Институт за рударство и металургија Бор, Миле Бугарин. Според него, помеѓу рударството и животната средина нема избор за едното да го има, а другото не.

 

„Иднината на рударството во Србија и општо во регионот не во изборот на рударското производство, туку во изборот на технологиите кои ги решаваат еколошките предизвици… Кога зборуваме за критичните минерални суровини, вие знаете дека светот глобално води војна за суровини. Денес во светот, според податоците за 2025 година, се произведуваат околу 23 милиони тони бакар од концентрати и сигурни суровини од околу пет милиони тони. Светот до 2050 година ќе има потреби од 20 милиони тони заради развојот на електрификацијата. Кога зборуваме за вакви ситуации, ние мора да знаеме дека процесот на производство мора да го има“, потенцира Бугарин. 

 

Стратегијата за минерални суровини 2026-2046 на која работеше МАНУ, потврдува дека Македонија има капацитети на бакар. Сепак, тие не се
искористуваат. Таков е примерот со инвестицијата за рудник за бакар во Иловица- Штука. Инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“, кој котира на берзата во Торонто, уште одамна објави дека, според геолошките истражувања, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои проценети се околу 410 илјади тони бакар. Од овие количини, истражувањата потврдуваат искористувања од 84 отсто за бакарот. Рудникот се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години. Покрај во Иловица, присуство на бакар беше утврдено и во други наоѓалишта, како во Казандол и Кожуф, но таму инвестициите не се остварија.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Latest from Blog

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане
Go toTop