Мајк Пенс мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол

March 29, 2023
1 min read

Федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи пред големата порота за разговорите што ги имал со поранешниот претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија локалните медиуми.

Во одлуката, судијата исто така вели и дека Пенс може да одбие да одговори на прашања поврзани со 6 јануари, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на анонимни извори, додавајќи дека Пенс сепак може да поднесе жалба на пресудата.

И Ен-Би-Си јави за одлуката на судијата, повикувајќи се на извори запознаени со пресудата, кои рекле дека таа го принудува поранешниот потпретседател на Трамп да се појави пред федералната голема порота, но оти тој е заштитен од сведочење за 6 јануари 2021 година. „Њујорк Тајмс“ исто така објави дека според пресудата Пенс мора да се појави на суд.

Претставниците на специјалниот обвинител Џек Смит, кој ја води истрагата на Министерството за правда за наводните напори на Трамп и неговите сојузници да го поништат изборниот пораз од 2020 година, не беа веднаш достапни за коментар.

Не коментирале ниту претставници на Пенс.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сака пред нов договор со Арсенал

Следно

Почнува Саемот на мебел 2023

Latest from Blog

ФОТО: Објавена програмата, еве кој се ќе пее на скопскиот плоштад за Нова Година

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски преку објава на својот фејсбук профил утре ги кани скопјани на плоштадот „Македонија“ на, како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно

Татко и син со години јаделе во ресторани, а ниеднаш не платиле- користеле една реченица

Во текот на три години, дуото оштетиле околу сто ресторани со тоа што не ги платиле сметките. Нивните постапки не биле резултат на сиромаштија – била добро испланирана измама. Во рестораните се
Go toTop