Маричиќ: Важно да се држиме на обврските од нашиот европски пат

March 28, 2023
2 mins read

Процесот на уставни измени ќе започне пред летото. Очекуваме да биде успешен, а изборите ќе бидат во редовен термин, средина на наредната година. Важно да се држиме на обврските од нашиот европски пат и членството во ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Во одговор на новинарско прашање пред конференцијата „Граѓанските организации – катализатори на европската интеграција на Северна Македонија“, во организација на Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ истакна дека е при крај постапката за формирање на работната група за уставните измени, дека има добар одѕив од оние што ги поканиле за разговор и учество во групата за што очекува наскоро да соопшти Министерството за правда.

-Очекувам да се објави во наредните денови таа група и вендаш да започнеме со формулација на уставните амандмани. Во Собранието, сега како што е, има една атмосфера во која што опозицијата сака да ја избегне темата за уставни измени. Јас мислам дека тоа не му оди во прилог никому, напротив мислам дека треба што поскоро да ја отвориме таа дебата. Ние затоа ќе ги формулираме амандманите и ќе ги пуштиме во општествена дебата најпрво преку граѓанските организации, преку академските институции, за да дадеме простор да се разменат аргументите, да се разменат мислењата, да се влезе во суштината на уставните измени, и да се создаде атмосфера во Собранието во која што ќе имаме една здрава разумска дебата, пред се, за тоа дали сакаме и колку бргу сакаме да бидеме во ЕУ, бидејќи тоа е вистинското прашање, а не е вистинското прашање Бугарија. Вистинското прашање е дали и колку бргу сакаме да стигнеме во ЕУ, вели Маричиќ.

Тој смета дека има доволно време да ги завршиме уставните измени до ноември.

-Последниот пат кога се менуваше Уставот тоа траеше околу три, четири месеци. Мислам дека пред летото треба да започнеме. Дали ќе биде мај, дали ќе биде јуни, ќе видиме, но пред летото треба да започнеме за да го стигнеме рокот, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој меѓу другото потенцира дека имаат должност да се обидуваат да ја седнат опозицијата на маса за разговор и стојат отворени за нивни предлози онаму каде што опозицијата има главен збор како да се зајакне нивната улога, но дека не може да се избега од прашањето на уставните измени.

-Мислам дека тоа е важно не само за сегашната Влада и сегашната опозиција, тоа е важно за процесот којшто трае долго и надминува мандат на која било Влада и состав на Собранието. Битно е ние да ги имаме сите клучни политички фактори на маса. Жал ми е што ВМРО – ДПМНЕ се уште бега, не сака да разговара за ова прашање, а не можеме да избегаме од овие прашања. Дали ќе ги дискутираме сега, за шест месеци, за една година или за две години, тие прашања ќе бидат тука на маса. Искуството со спорот со Грција, ни кажува одлагањето и игнорирањето на проблемите не прави проблемите да исчезнат. Напротив ги прави поголеми и ги прави потешки за решавање после одредено време. Затоа ќе апелираме постојано и до водството на ВМРО – ДПМНЕ, но и до сите пратеници да се вклучат во овој процес, вели Маричиќ.

Во однос на можноста што ја спомна министерот за правда покрај за уставните измени во контекст на евроинтеграцијата, да се отворат и други прашања, вицепремиерот за евроинтеграции вели дека не верува дека министерот сака да наметне нешто, бидејќи со него разговарал на оваа тема, туку смета дека е логично кога се отвора прашањето за уставни измени, да се отворат сите теми коишто потенцијално би биле, да речам, дискутирани за уставните измени.

-Лично сметам, а мислам дека тоа е став и на Владата, иако не сме разговарале, дека е логично да се фокусираме на оние обврски коишто произлегуваат од преговарачката рамка. Така имаме најдобри шанси за успех и најдобри шанси да успееме во разумен рок оваа година да ги завршиме уставните измени. Секое дополнително прашање е вредно за разгледување, но не верувам дека сега е вистинското време за тоа зашто ќе земе и повеќе време и повеќе енергија, и ќе го комплицира процесот, вели Маричиќ оставајќи простор за сите прашања да се разговара по завршувањето на овој циклус на уставни измени.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЛО: Приближно 828.000 луѓе во Турција и во Сирија изгубија работа по земјотресите

Следно

Грчка полиција: Разбиена „терористичка мрежа“ што планирала напади

Latest from Blog

СЕДМИОТ ГОСПОДАР НА ДАУНИНГ СТРИТ: Кој е Енди Барнам, човекот што ја презеде британската премиерска фотелја?

Како нов лидер на владејачката Лабуристичка партија, Енди Барнам стана 59-ти премиер на Обединетото Кралство на 20 јули. Барнам, кој има 56 години, доби широка поддршка во Лабуристичката партија за преземање на

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир

ПРЕСВРТ И ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА, Зеленски доби ултиматум: „Мора да си оди, крајниот рок е петок!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со продлабочување на кризата околу неговото воено лидерство во понеделникот откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши минатата недела, ја отфрли неговата

Гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа
Go toTop