Ендрик се согласил во јануари да се пресели во Милан

October 8, 2026
1 min read

Напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, дал согласност да прејде во Милан за време на зимскиот преоден рок и сега сè зависи од неговиот клуб, пишува „Газета дело спорт“.

​Последниве денови сè погласно се зборува дека Бразилецот ќе ја мине втората половина од сезоната во друг тим, бидејќи досега има само четири минути игра за Кралевите под водство на Жозе Мурињо, кој ја блокираше неговата позајмица уште во летото.

Иако Росонерите имаат конкуренција во Рома и Астон Вила, нивниот сопственик Џери Кардинале е убеден дека ќе успее да го доведе 20-годишниот талент поради неговите одлични односи со неговите агенти.

Според изданието, најверојатно зделката ќе биде позајмица до крајот на сезоната, но не е исклучено двата клуба да се договорат и за нешто повеќе. Тие потсетуваат на договорот за позајмицата на Брахим Дијас, кој можеше да биде откупен од Милан, но Реал Мадрид имаше опција да го врати назад.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Следно

Haxhiu: E zgjodhëm presidenten e re, tash do të kemi stabilitet institucional

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop