Една година по приклучувањето на Македонија кон СЕПА, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Таа посочува дека приклучувањето кон Единствената европска платежна област претставува значаен чекор во усогласувањето на земјата со европските стандарди во платежниот систем.
Според Димитриеска-Кочоска, Министерството за финансии ја спроведе клучната реформа со која Македонија се приклучи кон СЕПА, со што се создадоа услови за практична имплементација од страна на Народната банка и комерцијалните банки.
„СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, посочува министерката.
Таа додава дека реформскиот процес продолжува, со цел дополнително унапредување на финансискиот систем и приближување на Македонија до европските стандарди.


