Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа го собори рекордот на Моника Селеш за најмногу последователни победи на еден турнир. Во вторник, на 6 октомври, тој ќе игра против Алекс де Минор за својата седма титула на овој турнир со што би ја продолжил перфекцијата.
Дуелот кој траеше повеќе од два часа заврши во моментот кога Медведев со топче погоди еден од гледачите и тоа директно во глава. Инцидентот кој беше клучен за дисквалификација на Медведев може да го видите ТУКА.
Инаку двајцата тенисери водеа беспоштедна борба. Првиот сет траеше дури речиси еден и пол час, а на крајот Ѓоковиќ го доби со 7:5. Успеа Ѓоковиќ да направи брејк и во вториот сет па водеше со 5:3 и беше на прагот од победата кога Медведев го направи непромислениот потег и судиите го дисквалификуваа.
Извор: sportmanija.mk


