Османи ѝ одговори на Захарова: Руската власт го загрозува светскиот мир, не можеме да бидеме неутрални

March 28, 2023
1 min read

Захарова, која како што пренесоа дел од медиумите, рекла дека македонската влада прави голема грешка откако министерката Петровска најави дека земјава ќе ѝ донира 12 хеликоптери „ми-24“ на Украина

Шефот на дипломатијата, пак, во одговор за коментарот на Захарова, рече дека билатералните односи на Северна Македонија со Русија во овој момент се многу помалку важни отколку загрозувањето на мирот кое е започнато со однесувањето на Русија што, пак, ја отвора Пандорината кутија за слично такво агресивно однесување на други авторитарни режими во светот

Власта во Руската Федерација го загрозува светскиот мир со тоа што ги руши основните принципи на кои тој се темели и ние не можеме да останеме неутрални.

Ова е дел од одговорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање за коментар на изјава на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, која рекла дека испраќањето хеликоптери на Украина е голема грешка на македонската влада.

„Руската Федерација ги има прекршено насилно, неоправдано основните принципи на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право. Тоа се принципите на европската безбедносна архитектура кои го одржуваат мирот во Европа во последните 75 години, тоа се принципите кои го одржуваат мирот во нашата држава. Нашите граѓани уживаат мир затоа што после Втората светска војна е воспоставен меѓународен правен ред и поредок кој спречува државите да ги нападнат соседните држави. Оттука нашиот став не е кон рускиот народ, кон Русија, туку агресивното однесување на Руската Федерација и на власта кое го загрозува светскиот мир преку рушење на тие основни принципи на кои се темели мирот во светот, посебно во Европа, па и во Северна Македонија. Оттука ние не можеме да останеме неутрални“,

рече Османи.

Ние, додаде министерот, не ѝ даваме оружје на Украина за таа да нападне друга држава, туку ѝ помагаме да се брани затоа што денеска Украина не ги брани само сопствениот народ и мир.

„Денеска украинските војници и народ се борат и за нашиот мир, за нашите вредности и оттука ние со фактот дека сме дел од тој систем на вредности во кој доминира почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на суверените држави, владеењето на правото, демократијата и човековите права, ние покажуваме дека сме на вистинската страна на историјата и ќе продолжиме да бидеме така додека да биде потребно. Билатералните односи со Русија сега се многу помалку важни отколку загрозувањето на мирот кое е започнато со ова однесување на Русија што ја отвора Пандорината кутија за слично такво агресивно однесување на авторитарни режими во светот“,

рече Османи.

Донацијата на 12 хеликоптери „ми-24“ од Северна Македонија за Украина ја најави министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето во емисијата „360 степени“. Ваква одлука, како што рече, треба да се донесе на владина седница утре.

Хеликоптерите „ми-24“ што ќе ги донира земјава се од руско производство и се набавени токму од Украина во 2001 година, но за нив уште пред 8 години, според Петровска, се истечени ресурсите, односно не се користат поради недостиг на резервни делови и слично.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шкотска доби премиер Пакистанец муслиман

Следно

Војници кои со месеци се на фронтот во Украина: Наша должност е да го заштитиме Бахмут

Latest from Blog

ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

Европската инвестициска банка повикува на забрзување на геолошките истражувања и развојот на нови рударски проекти во Европа. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финанс

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Општина Битола со нова дезинсекција: Целта е намалување на ризикот од Западнонилска треска

Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска. Според информациите

Солзи на трибините: Меси се врати на теренот пет дена по смртта на неговиот татко (ВИДЕО)

Фото: Интер Мајами Х Во неделата, Аргентинецот го погреба својот татко Хорхе, кој почина еден ден претходно на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четврток, Меси се врати

Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната

 Техеран притоа го отфрли тврдењето на Трамп дека САД го контролираат Ормускиот теснец, инсистирајќи дека тој останува блокиран. „Ормускиот теснец останува блокиран и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат
Go toTop