Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери – за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база.
Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.
Извор: vecer.mk

