Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува во Аргентина бидејќи бараа да им бидат исполнети некои услови. По многу убедувања и преговори, дел од репрезентативците с есложија да патуваат, а оние кои беа решија да бојкотираат, беа заменети со фудбалери од младинските селекции на Буркина Фасо.
На крајот, средбата се одигра, а Аргентина славеше убедливо. Немаше дилеми кој ќе победи, а Гаучосите уште на почетокот започнаа фуриозно. Мартинез погоди во 4 минута, Диаоло си даде автогол четири минути подоцна, а веќе во 12 минута беше 3:0 за фаворитот кога погоди Престијани.
До крајот на првото полуреме, Аргентина водеше со 5:0, а во листата на стрелци се започаа уште и Паз и Алварез. На почетокот од второто полувреме беа направени неколку измени, па темпото на игра се намали. Аргентина во вторите 45 минути постигна само два гола и тоа преку Мастантуоно во 57 минута и Симеоне во последните моменти од мечот.
Овој дуел беше како подготовка за тоа што следува, главното, последниот меч на Лионел Меси во репрезентативниот дрес.
Извор: sportmanija.mk


