Русија: Планот на Ерменија да му се придружи на Меѓународниот кривичен суд е апсолутно неприфатлив

March 28, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руските власти остро ги критикуваа ерменските власти за нивниот план земјата да му се придружи на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд (МКС) по неодамнешните налози за приведување, издадени од Меѓународниот суд, за рускиот претседател Владимир Путин и за руската правобранителка за правата на децата, пренесува Анадолу.

Нарекувајќи ги намерите на Ереван „апсолутно неприфатливи“, Министерството за надворешни работи на Русија за новинската агенција ТАСС соопшти дека ерменската страна била предупредена за крајно негативните последици што таквиот потег може да ги има врз билатералните односи.

Уставниот суд на Ерменија во петокот ја објави својата одлука дека Римскиот статут е во согласност со основниот закон на Ерменија. Одлуката е конечна и стапува во сила по објавувањето.

МКС на 17 март издаде налог за приведување на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката на рускиот претседател за правата на децата, Марија Лвова-Белова, под обвинение за незаконско депортирање на украинските деца.

Коментирајќи ја оваа одлука, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва не ја признава јурисдикцијата на МКС.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека налозите за приведување се законски неважечки бидејќи Москва не е потписник на Римскиот статут.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Перу запленети 2,3 тони кокаин кој бил спакуван како керамички плочки

Следно

Фото: Превртен автомобил пред Министерството за економија

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за
Go toTop