Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

October 1, 2026
1 min read

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес.

Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина, без никаков контакт со противнички играч. По промашувањето на Семи Оџелеј, Џејмс тргна кон топката, но при промената на правецот ненадејно падна на паркетот.

Веднаш се фати за долниот дел од десната нога, во пределот на Ахиловата тетива, а неговата реакција предизвика сериозна загриженост кај сите на теренот.

Играта беше прекината, а околу Џејмс веднаш се собраа кошаркарите на двата тима и медицинските екипи. Американецот не можеше сам да го напушти теренот, па беше изнесен на носилки.

Џејмс во тие моменти беше во солзи, додека соиграчот Метју Стразел се обидуваше да го утеши. Навивачите на Црвена ѕвезда му дадоа поддршка и го испратија со аплауз при неговото изнесување од теренот.

Првичните информации од Белград упатуваат на сомнеж за сериозна повреда на Ахиловата тетива, но Анадолу Ефес сè уште нема излезено со официјална дијагноза. Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор и колку долго Џејмс ќе мора да паузира.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Следно

Selimi: Nga 1 Tetori i studentëve, te zëri i sotëm për drejtësi

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда
Go toTop