Португалската фудбалска федерација очекувала Кристијано Роналдо да се повлече од репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година, објавува мадридски „Ас“.
Според весникот, при изборот на наследникот на Роберто Мартинез, федерацијата предводена од Педро Проенса наводно прифатила и услов на дел од кандидатите Роналдо да не биде повикуван во репрезентацијата. Внатрешното очекување било одлуката за повлекување да дојде од самиот фудбалер.
Сепак, по молкот на Роналдо по елиминацијата од Шпанија на Светското првенство, Жорже Жезус повторно го повикал капитенот.
Ова е во спротивност со претходните изјави на Проенса, кој пред натпреварот со Велс истакна дека Роналдо има важна улога во новиот циклус.
„Започнуваме нов циклус токму со него и тој секогаш ќе биде дел од решението. Неговата улога е исклучително важна“, изјави Проенса.
По напуштањето на репрезентативниот камп, Роналдо им испратил порака на соиграчите со желби за успех. Овој потег повторно ги отвори шпекулациите дека неговото повлекување од националниот тим е блиску, но официјална потврда сè уште нема.
Извор: sportmanija.mk


