Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година вечерва продолжува со квалификациите за пласман на Европското првенство. Веќе е јасно дека немаме шанси за пласман на една од првите две позиции, па нашите погледи се насочени кон следниот циклус, па Македонија со нов селектор и подмладена селекција ја пречекува Црна Гора во Битола.
Гостите се во мала предност според квотите во Sport Life, но младите Македонци и Црногорци по традиција играат ефикасни мечеви. На последниот меч Црна Гора славеше со 3-2, а претходно Македонија двапати победуваше со по 2-1.
Квотата за победа на Македонија е 2.80, додека гостински триумф има квота од 2.45.
Натпреварот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола се игра попладнево од 18 часот, а влезот е слободен.
Извор: sportmanija.mk



