Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

September 30, 2026
1 min read

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија против Данска.

Пред ова, ѕвездата го помина целиот натпревар против Норвешка на клупата.

Според дански телевизиски канал, напаѓачот се вратил во хотелот на тимот во Копенхаген со комбе, додека неговите соиграчи почнале да тренираат.

Роналдо е незадоволен од својата позиција во репрезентацијата. Селекторот денеска кажа дека разговарале за ситуацијата со Роналдо по вечерата и „проблемот дури и не бил проблем“. Но, само неколку часа подоцна, пресврт. 

Наводно 41-годишниот Роналдо сериозно размислува да ја заврши кариерата во португалската репрезентација. Кристијано Роналдо одигра 234 натпревари за репрезентацијата на Португалија, постигна 146 гола и имаше 45 асистенции. Ги освои ЕП 2016 и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Роналдо се јави преку социјалните мрежи:

„По прес-конференцијата на селекторот на репрезентацијата и по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, решив да го напуштам тренинг кампот на репрезентацијата. Со текот на времето ќе им ја кажам вистината на сите Португалци за причините што ме мотивираа да ја напуштам репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ се посветувал. Сега е време да им посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи, без исклучок“. 

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Следно

“Ka aq shumë skandale, sa shteti duhet të kishte rënë”, Vata flet për protestat në Tiranë

Latest from Blog

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас
Go toTop